Завој (село)За други значења на поимот, погл. Завој (појаснување).
Завој — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Географија и местоположба![]() Ова село се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле, во повисокиот источен дел на Општина Охрид, чиј атар се издига на северната падина на Петринска Планина и се допира со подрачјето на Општина Ресен.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.050 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 18 километри, а од патот Охрид-Ресен околу еден километар.[2] Куќите на селото Завој се наоѓаат на една висорамнина на околу 1.000 метри. Сместено е во источниот дел на Охридско, а во близина на Преспанската Котлина. Околни села се: Опеница, Скребатно, Свиништа и други. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори и од бунари.[3] Денес, селото има изграден селски водовод.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Крушио, Бачинов Рид, Стар Завој, Локва, Арбанајца, Шатица, Стара Ливада, Степанов Рид, Крстон, Лакарица, Рамни Рид, Дуње, Ѓуро Глава, Прентов Мост и Крива Река.[3] Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како што се: Цветановци, Тасевци, Крстановци и други.[3] Завој се наоѓа во падините на планината Петрино, од десната страна на патниот правец Охрид-Ресен. Историја![]() Првото пишано спомнување за селото потекнува од 1582 година. Тогаш, селото имало 69 христијански домаќинства и вршело дервенџиска служба.[3] И народните преданија говорат дека селото влегува во старите села на областа. До 1860 година се наоѓало на положбата Стар Завој, 3 километри источно од денешното село, во близина на планинскиот превој Буково. Меѓутоа, во првата половина на XIX век, како чувари на превојот се населиле муслимански Албанци. Поради зулумите, христијанското население се раселило.[3] Три домаќинства од Стар Завој го основале новото село на денешната положба. Претходно, на тоа место имале сточарски кошари. Од нив потекнуваат сите денешни родови.[3] Во XIX век, Завој било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Во минатото, низ селото поминувал стариот пат Охрид-Ресен.[3] СтопанствоАтарот е среден по големина и зафаќа простор од 18,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 997,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 439,9 хектари, а на пасиштата само 82 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] До крајот на Втората светска војна, селаните се занимавале со сточарство и со земјоделство. Се одгледувале кози, овци и волови. Исто така, се сечеле дрва, кои ги продавале како дрва за огрев во Охрид.[3] Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 60 домаќинства и 170 жители.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Завој живееле 280 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Завој имало 280 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Завој е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9] Од ова планинско село се иселил голем број од населението и тоа е доведено во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото имало 611 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 41 жител, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Завој живееле 12 жители, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЗавој е населено со македонско православно население, повеќето родови во селото се староседелски кои живееле во Стар Завој од каде пребегнале и го основале Завој на денешното место околу 1860 година..[3] Родови во Завој се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната рурална Општина Косел. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Косел. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која покрај селото Завој, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Опеница, во која влегувале селата Завој, Куратица и Опеница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1340 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
ИселеништвоВо годините помеѓу двете светски војни имало незначителен број на иселувања од селото. Се знае само за следниве иселеници: Ѓорѓиоски (2 к.) во селото Орман и Тодороски (2 к.) и Завојчани (4 к.) во селото Подмоље.[3] Меѓутоа по Втората светска војна настапило големо иселување. Главно се населиле во селото Лескоец (60 до 80 куќи), а помалку во банатското село Јабука (8 к.), но и во Скопје.[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia