Лежи на источните падини на ридот Чекоштина. Се наоѓа на околу 2,5 км северозападно (воздушна линија) од средиштето на Охрид. Северно од Орман е Долно Лакочереј кое е оддалечено околу 2 км (воздушна линија). На северозапад е Подмоље на 3,6 км далечина во воздушна линија. Од Охридско Езеро оддалечено е околу 1,8 км во воздушна линија.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:
Доселеници:Тодоровци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Оровник, го знаат следното родословие: Никола (жив на 67 г. во 1978 година) Димо-Тодор, основачот на родот кој се доселил, тоа било во 1880 година; Стојановци (10 к.) доселени се од селото Косел; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од селото Завој; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Куратица; Балазовци (1 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Николовци (3 к.) доселени се во 1933 година од селото Косел; Ристевци (3 к.) доселени се во 1934 година од селото Речица; Трајчевци (3 к.) доселени се од селото Коњско; Младеновци (2 к.) и Ничевци (1 к.) доселени се од селото Коњско после Втората светска војна; Неделковци (1 к.) доселени се од селото Куратица после Втората светска војна; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Свиништа после Втората светска војна.[12]
Стара градба во северниот дел на селото
Стара куќа во средишниот дел на селото
Куќа во средишниот дел на селото
Стара куќа во средишниот дел на селото
Стара куќа во средишниот дел на селото
Стара куќа во средишниот дел на селото
Стара куќа во средишниот дел на селото
Куќа во јужниот дел на селото
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Црквата која се наоѓа одвоена од селото, на запад.Опеничка Река кај Орман.
Опеничка Река - позната и како Коселска Река или Даљан
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Но и покрај тоа што во селото се забележувало доселување од околните села. Тоа сепак и дало иселеници. До 1980 година иселеници има во Охрид (две семејства) и во Австралија (четири семејства).[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“