Вишово
Вишово или Вишево — историско село во Охридско, на границата меѓу Општина Охрид и Општина Дебрца. ГеографијаВишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваат Вишо (од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо). ИсторијаСелото се води во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридска нахија од 1582-1583 г. е запишано под името Вишешево (а во второто издание, како Вишово) со 31 христијански семејства и 11 неженети лица.[2] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со вкупно 22 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вишово (Вишоо) имало 18 жители, сите Македонци.[3][5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Габавци (Вичево) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[6] На почетокот на XX век населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Вишево (Vichevo) имало 16 жители, Македонци.[3][7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia