Неаполи-Сикјес
Неаполи-Сикјес (грчки: Δήμος Νεάπολης - Συκεών, Димос Неаполис-Сикион) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа четири населби во Солун, а административен центар е Сикјес. Сите места во општината, освен Јуренџик, се создадени во XX век од грчки дојденци од Мала Азија. Населени места![]() ![]() ![]() Општината Неаполи-Сикјес е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Сикјес, Неаполи, Свети Павле и Јуренџик по законот „Каликратис“.[1] Општинска единица Јуренџик![]() Општинската единица Јуренџик опфаќа само едно населено место — солунската населба Јуренџик (Πεύκα, Певка). Општинска единица НеаполиОпштинската единица Неаполи опфаќа само едно населено место — солунската населба Неаполи (Νεάπολη). Општинска единица Свети ПавлеОпштинската единица Свети Павле опфаќа само едно населено место — солунската населба Свети Павле (Άγιος Παύλος, Агиос Павлос). Општинска единица СикјесОпштинската единица Сикјес опфаќа само едно населено место — солунската населба Сикјес (Συκιές, Сикјес). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia