Ситонија
Ситонија (грчки: Σιθωνία) — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Светогорскиот на исток и Торонискиот од запад. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Балабан (Нова Мармара) е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми. Општина Ситонија![]() Карта на Општина Аристотел Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.[1] Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век. Општинска единица Ситонија![]() ![]() ![]() Општинската единица Ситониja со седиште во Никит ги опфаќа следниве оддели и населени места:
Општинска единица Торони![]() ![]() Општинската единица Торони со седиште во Шиќа ги опфаќа следниве оддели и населени места:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia