Каламарија
Каламарија (грчки: Καλαμαριά) — предградие на Солун, Егејска Македонија, 5 км југоисточно од центарот на градот. Претставува самостојна општина во Солунскиот округ. Населението брои 92.248 жители (2021). ГеографијаМестото е сместено на брегот на Солунскиот Залив и на него има брегова линија од 6,5 км. Историја![]() Подрачјето околу Каламарија е населено уште од праисторијата. Во близината е откриена древна наелба и голем број наоди. Името Каламарија првпат се среќава во 1083 г. и ја означува областа југоисточно од Солун. Во византиско и турско време месноста била слабо населена. Низ вековите, месноста била и останала чисто македонска. На крајот од XVIII и почетокот на XIX век во Солун пребегнале многу Македонци од Дебарско, Охридско, Костурско и други места поради немирите за време на Али-паша Јанински, Џеладин-бег, востанието од 1921 г., дури и по грчко-турскиот мир (1829). Дојденците создале две нови македонски маала: Вардарско (во западниот дел на Солун) и Каламариско/Гелемерииско (во источниот) со енориите Св. Атанасиј, Панагуда, Панагеја-Декса и Ипапанти.[2] Во XIX век македонското население го опслужувала црквата „Св. Кирил и Методиј“. Во 1868 г. Стефан Салганџиев ја посетил Каламарија и забележал дека е чисто македонски град (нарекувајќи го „бугарски“), слушајќи дебарски дијалект во сите дуќани, кафеани и магази. Сите обичаи и начин на живот биле пренесени од Дебарско.[3] Современа КаламаријаСовременото населено место е основано во 1920-тите од грчки доселеници од Грузија и Мала Азија, изгонети во Грчко-турската војна од 1922 г. Во околината на Солун се населени околу 100.000 доселеници. Од основањето до денес, Каламарија бележи постојан развој 1981 до 2001 г. населението нараснало на 36.000 или за цели 69%. Сè до 1943 г. местото припаѓало на Општина Солун, а потоа добило статус на своја административна единица со површина од 7.200 акри. Природното окружување на Каламарија и одличната урбанистичка решеност непрестајно привлекуваат нови жители. Животниот стандард е висок во споредба со останатите градови во Грција, и има добро развиена туристичка дејност. Збратимени градовиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia