Синтика (општина)
Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“). Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Населени местаОпштината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство. Општинска единица Беласица![]() Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинска единица Валовишта![]() Општинската единица Валовишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинска единица Драготин![]() Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас). На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди). Општинска единица Крушево![]() Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.
Општинска единица Петрич![]() Општинската единица Петрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г. Општинска единица Сенгелово![]() Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро). На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia