Делта (општина)
Делта (грчки: Δήμος Δέλτα, Димос Делта) — општина во рамките на Солунскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Текелиево (Синдос). Општината опфаќа 9 населени места во областа Вардарија, а наречена е по делтата на Вардар, каде реката се влева во Солунскиот Залив. Населени местаОпштината Делта е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Ехедор (Ехедорос), Вардар (Аксиос) и Кулакија (Халастра). „Ехедор“ е древно име на реката Галик, која ја дели истата делта. Општинска единица Вардар![]() Општинската единица Вардар со седиште во Јунчии (Кимина) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинска единица Ехедор![]() Општинската единица Ехедор опфаќа четири населени места во областа Вардарија по долното течение на реката Галик, и го носи нејзиното древно име „Ехедор“. Административен центар е градот Текелиево (Синдос). Општинската единица Ехедор ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинска единица Кулакија![]() Општинската единица Кулакија со седиште во истоименото гратче Кулакија (Халастра) и, освен него, го опфаќа и селото Коњари (Анатолико или Валмада).
На територијата на општинската единица се наоѓале и некогашните села Долно Каваклиево и Чаликово. Поранешни селаПокрај поранешното село Чаликово, на територијата на општината се наоѓале и некогашните села Колопанци, Лапра и Махмудово. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia