Танушевци — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 417 жители.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора, во близина на врвот Копиљача. Селото се наоѓа скоро на самата македонско-косовска граница.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 61 мажи муслимани, со 1 новороденче, а исто така и 5 доселени мажи од друго место. Се проценува дека селото во тој период имало 134 жители.[2]
Во 1913 година, селото имало 428 жители. Било дел од Општина Бродец.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
815
—
1953
897
+10.1%
1961
841
−6.2%
1971
660
−21.5%
1981
772
+17.0%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
814
—
2002
417
−48.8%
2021
304
−27.1%
На пописот од 2002 година, селото имало 417 жители, од кои 409 Албанци и 8 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 304 жители, од кои 212 Албанци и 92 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“