Отворена предна незаоблена самогласка
Отворената предна незаоблена самогласка (ниска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во речиси сите јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨a⟩. Во македонскиот, како и многу други јазици, гласот е претставен со буквата а. Меѓутоа, во практиката често се случува самогласката да се едначи со гласот ⟨æ⟩ (речиси отворена (речиси ниска) предна незаоблена самогласка), а со ⟨a⟩ да се означува отворената (ниска) незаоблена самогласка од среден ред. Особености
ЈазициНајвеќето јазици имаат извесен облик на предна незаоблена самогласка. Јазиците што имаат само по една ниска самогласка исто така можат да го користат симболот <a> од практични причини, бидејќи е единствената ниска самогласка што има своја буква во основната латиница. Во тие случаи, самогласката е поблиска до средното [ä] отколку до предното [a].
ПоврзаноНаводи
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia