Препречна согласка
Препречна согласка (опструент) е согласка што се создава со попречување (опструкција)[1] на воздушниот тек, при што предизвикува зголемување на притисокот во говорниот апарат (на пр. како кај согласките [k], [d͡ʒ] и [f]). Во фонетиката, творбата на гласовите се дели на две големи класи: препречни и гласници (сонанти). Препречните гласови се творби што подразбираат затворње во говорниот апарат, запирајќи или сметајќи му на воздушниот тек. Можат да се поделат на избувни (плозиви): п, т, к, б, д, г, со целосно затворање на гласовниот апарат, проследено од нагол испуст; струјни (фрикативи), со делумно затворање, каде текот не целосно сопрен, туку се соочува со пречка што предизвикува струење; и слеани (африкати), кои почнуваат со целосна преграда, но испустот им е налик на струјните. Прототипно, препречните согласки се безвучни, но често се среќаваат и звучни. По ова се разликуваат од гласниците, кои многу поретко се безвучни. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia