Течна согласка
Течни согласки (ликвиди)[1] се класа на согласки што ги опфаќа страничните и вевните (ротски) согласки.[2] Македонскиот јазик има три течни фонеми: две странични /l/ (л), /ʎ/ (љ) и една вевна /r/ (р). Во европските јазициМногу европски јазици имаат една странична и една вевна фонема. Македонскиот и некои други како српскохрватскиот, грчкиот и италијанскиот имаат повеќе од две. Јазиците на Пиринејскиот Полуостров имаат по четири: /l/, /ʎ, /ɾ/ и венечна трепетна согласка (освен португалскиот, каде четвртата е грлена трепетна или струјна согласка). Трети пак, како рускиот и ирскиот, разликуваат палатализирани (омекнати) странични–вевни парови од нивните непалатализирани (или веларизирани) пандани (на пр. /lʲ/ /rʲ/ /l/ /r/ (л-р и ль-рь) во рускиот). Остатокот од светотВо другите делови од светот, највеќе јазици имаат по две течни согласки, освен северноамериканските и австралиските јазици. Во Северна Америка, највеќето јазици немаат вевни гласови, но затоа имаат голем број на странични гласови – иако највеќето се попречни странични гласови, а не течни. Речиси сите австралиски јазици се многу богати со течни согласки - некои имаат дури по седум. These typically include dental, alveolar, retroflex and palatal laterals, and as many as three rhotics. Од друга страна, постојат многу домородни јазици во Амазонската Долина и источна Северна Америка, како и неколку во Азија и Африка, што воопшто немаат течни согласки. Полинезиските јазици имаат само по една, која може да биде странична или вевна. Потекло на поимотГраматичарот Дионисиј Тракиски (170 – 90 п.н.е.) ги опишал фонемите /l,r,m,n/ во старогрчкиот јазик како ὑγρος (хигрос = „влажни, течни“).[3][4] Се смета дека ова се однесува на тоа што тие делуваат „лизгаво“ врз метарот во класичните стихови кога се јавуваат како втора буква во согласна група.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia