Трепетна согласка
Трепетна согласка (вибрант)[1] е согласен глас што се создава со треперење помеѓу говорниот орган и местото на творба. Македонскиот јазик содржи само еден трепетен глас, претставен со буквата р, кој е венечна трепетна согласка. Меѓународната фонетка азбука ги претставува следниве трепетни гласови:
Двоуснената трепетна согласка е прилично ретка. Преднојазичната најчесто се среќава во облик на венечното [r͇], но се среќаваат и забната и задновенечната творба [r̪] и [r̠]. Наводната свиена трепетна согласка присутна во јазикот тода е претставена со симболот [ɽ] (т.е. исто како свиена едноударна согласка), но може понедвосмислено да се претстави како [ɽ͡r], бидејќи само почетокот е свиен, а самиот трепет е венечен. Познат е и уште еден трепетен глас во улога на согласка, наречен нагласилна трепетна согласка. Надгласилните согласки честопати се алофонски трепетни, а во некои јазици трепетот е главната творба на согласката. МФА нема официјален симбол за овој глас, но во литературата напати се среќава [я]. Постојат итн. „остри самогласки“ кои се придружени од надгласилен трепет. Чешкиот јазик има две противположни венечни трепетни согласки, од кои едната е струјната трепетна согласка (ř). Кај струјната трептна согласка, јазикот се подига, така што се добива чујно струење за време на трепетот, и звучи нешто како истовремено изговорени [r] и [ʐ]. Симболот [ɼ] на овој звук е исфрлен од МФА, и сега гласот се претставува како [r̝] (подигнато р). Лиангшанското наречје на јазикот носу (ји) има две „брмчливи“ или струјни самогласки /i̝/, /u̝/ (се пишуваат ṳ, i̤) кои може и да се трепетни, [ʙ̝], [r̝]. Чапакурскиот варски јазик и муранскиот јазик пираха имаат многу необична трепетна фонема - безвучната двоуснена потрепетна забна избувна согласка, [t̪͡ʙ̥]. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia