Радуништа (Кајларско)
Радуништа (грчки: Κρυόβρυση, Криовриси, до 1927 Ραδούνιστα, Радуниста) — кајларско село во Егејска Македонија, Република Грција. Географија и местоположбаСместено е на надморска височина од 700 метри, меѓу селата Дебрец и Салпово, на 10 километри југозападно од Кајлар[1]. Сместено е во подножјето на планината Мурик. Административно се наоѓа во составот на Општината С'лпово. ИсторијаЕдни од најстарите пишани податоци за селото Радуништа се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото е забележано дека имало 45 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 31 товар, јачмен до 4 товари, 'рж до 10 товари, граор, зелки, ореви, се обработувале лозја, се чувале свињи за што селото остварувало свкупен приход од 2373 акчиња[2]. До 1924 година селото било населено исклучително со Македонци, а како такво К’нчов го споменува со 91 жител, а Милоевиќ со 6 македонски куќи. По 1923 година година тука биле населени 121 бегалец, така што населбата станала мешана[1]. СтопанствоНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи[3]. НаселениеСпоред пописот во 1920 година селото Радуништа имало 66 жители, а по населувањето на бегалци во 1928 година, бројот пораснал на 200 жители[1]. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia