Бошовци
Бошовци или Карабунар (грчки: Μαυροπηγή, Мавропиги; до 1927 г. Καραμπουνάρ, Карабунар[2]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во септември 2011 г.[3] било населено со македонско мнозинство.[4] Населението броело 456 жители (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓало во областа Сариѓол, на 10 км југоисточно од градот Кајлари, во северисточното подножје на планината Сињак, на надморска височина од 740 м.[4] На југ е планината Карталдаг во Кожанско. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Бошовци било мешано македонско-турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бошувци (Bochuvtzi) било село во Џумалиската каза со 150 домаќинства и 430 жители Македонци и 58 муслимани.[5][6] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Бошовци:
Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Бошовци (Кара-бунар) било македонско село.[5][8] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бошовци (Кара Бунар) имало 290 жители, од кои 210 Македонци и 80 Турци.[5][9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карабунар (Бошовци) се води како мешано македонско-турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.[5][10] Според грчка статистика од 1904 г. во Карабунар живееле 100 Турци и 320 „Грци“.[11] На почетокот на XX век целото население на Бошовци потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бошевци имало 320 Македонци, сите под патријаршијата.[5][12] Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучил во Македонско-одринските доброволни чети.[13] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 471 жител. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 473.[4] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се деоведени 48 бегалски семејства[4] или според други извори 40 семејства со 164 бегалци.[14] така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавропиги (Μαυροπηγή), во превод „црн извор“.[2] Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека словенското (македонското) население имало двотретинско мнозинство, а останатата една третина биле грчки бегалци од Мала Азија и Кавказ.[15] Иако селото прилично настрадало за време на Втората светска војна, во пописот од 1951 г. имало 791 жител.[4] Во 1970-тите години властите соткриле големи лежишта на јаглен во колината. Во септември 2011 г. рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите и тука го проширил јагленокопот[3], додека сè уште е во тек преселбата на жителите.[16] СтопанствоБошовци било мошне богато село кое произведувало жито, а бидејќи располагало со планински пасишта било застапено и сточарството.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ЛичностиРодени во Бошовци
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia