Стари Лозја (Кајларско)
Стари Лозја (грчки: Παλιά Αμπέλια, Палија Амбелија или Οικισμός ΔΕΗ, Икисмос ДЕИ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои само 1 жител (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 6 км југоисточно од градот Кајлари, на кој всушност претставува предградие, на надморска височина од 630 м.[2] ИсторијаСелото е основано во текот на 1950-тите, додека за првпат е евидентирано во 1961 г. кога е заведено со 123 жители. Основано е во атарот на селото Дорутово од жителите на околните села со цел да живеат поблизу до градот Кајлари. Името на селото потекнува според месноста во која некогаш се наоѓале старите лозја на жителите од Дорутово, кои за време Првата светска војна настрадале од филоксера.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кајлари со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Еордеја, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дорутово, во кој влегува и истоименото село. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia