Требино (Кајларско)Оваа статија се однесува на село во Кајларско. За селото во Поречието, погл. Требино.
Требино или Тремњо[2] (грчки: Καρδία, Кардија; до 1927 г. Τρέμπενο, Требено[3]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1976 г. било населено исклучиво со Македонци.[4] Иако повеќе не е село, местото не е отпишано и денес се води со неколкумина жители. ГеографијаСелото било сместено во јужниот дел на областа Сариѓол (Кајларската Котлина), 18 км источно од градот Кајлари.[4] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот на XIX век Требино е заведено било македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тремнино (Tremnino) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Тремнино било сосема македонско село.[5][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тремнико имало 220 жители, сите Македонци.[5][8] На почетокот на XX век целото население на Требино потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требино имало 280 Македонци, сите под патријаршијата.[5][9] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ забележал дека Требино се состоело од 42 македонски куќи.[4] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 290 жители.[4] Во 1920 г. 321 жител, кои во 1928 г. се накачиле на 421, а во 1940 г. — на 615 жители.[4] Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Требино се состои
Есента 1959 г. жителите на Требино биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.[11] Иако некогаш било просперитетно и богато, во 1970-тите години властите во селото откриле големи лежишта на јаглен. Рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите[4] и тука направило јагленокоп, а на селаните државата им изградила станови во Кајлари; помал дел од нив избрале да се преселат во околината на с. Исламли (Кила) кај Кожани, за што е основано населбата Ново Требино (Неја Кардија) која му принадлежи. Во времето на неговото иселување, на крајот од 1976 г., Требино броело преку 1.000 жители, а во 1981 г. е заведено со 3 жители, иако се сметало за раселено.[4] На пописите во 1991 и 2001 г. селото се води без жители, додека пак во 2011 г. во него се попишани 5 лица. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоТребино било богато село кое произведувало големи количества жито, тутун и анасон познат по својот квалитет.[4] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia