Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востание
Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востание — статија напишана од истакнатиот македонски социјалист и револуционер од Велес Александар Ончев Мартулков. Статијата е објавена во стариот весник „Трудбеник“, година II, број 35.[1] Тој ја напишал статијата истата година кога ја објавил својата брошура позната како „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“. Некои елементи од статијата се додадени во неговите спомени со насловот „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. ИнформацииВраќањето на Мартулков во Македонија
![]() За време на Второто заседание на АСНОМ, задржано меѓу 28 и 30 декември 1944 година, еден од истакнатите делегати кој биле поканети е Алексо Мартулков заедно со некои од неговите блиски социјалистички соработници како Ризо Ризов, Димитар Влахов и Крсте Гермов - Шакир. Со поканата од комитетот за свикување на АСНОМ Мартулков конечно имал можност да се врати во Македонија, нешто што неможел да исполни откако ја отпушил земјата во 1920-тите. Тој, заедно со другите македонски активисти во Софија, биле возбудени поради неодамнешниот развој на народната ослободителна борба. Светозар Вукмановиќ како дел од договорот меѓу Илинденската организација во Софија помогнал со финансирањето на патувањата на старите македонски револуционери. За време на второто заседание на АСНОМ Мартулков ретко зборувал, според повеќето архивирани документи единственото барање што тој го упати до Президиумот на АСНОМ е да го приклучиле Густав Влахов, синот на Димитар Влахов во новата македонска комунистичка влада. Поради големиот почит на Президиумот на АСНОМ кон Мартулков, тие го исполниле неговото барање.[3] За време на второто заседание на АСНОМ Презиумот одлучил да го приклучиле Мартулков во новата владата како пратеник во тогашниот парламент. Според Михаило Лалиќ во статијата „Скопске слике и Контрасти“ кога го прашал Мартулков како се чувствувал кога влегол за прв пат после 30 години во Скопје, Мартулков истакнал:
ДелотоОткако вратил во Скопје, веднаш почнал да пишува статии, брошури и книги за неговото учество во македонското револуционерно движење. „Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востаниене“ не му било неговото единствено дело објавено во 1946 година. Во устата година ја објави својата брошура под наслов „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“. Неговата брошура која излезе истата година со статијата е попозната по тоа што е првото литературно дело во социјалистичката македонска држава во кое се зборува за темата Врховизмот.[5] Статијата дава увид во тоа како тогашните македонски револуционери мислеле дека можеле да го решат сложеното македонско прашање. Според Мартулков, причината зошто постарите бунтови биле неуспешни како Македонското востание и Разловечкото востание е поради тоа што главните организатори не верувале дека нивниот бунт соодветно ќе го решило македонското прашање, а друг фактор бил недостаток на комуникација.[6] Тој, исто така, истакнал дека старите македонски револуционерите кои го поддржувале обединувањето на Македонија со Бугарија во 18 век не го поддржале затоа што биле бугарофили, туку затоа што тоа било најдобриот компромис во тоа време.[7] Статијата навлегува подлабоко за тоа како движењето за автономија на Македонија и Одринско се развило во движење за независна Македонија. Тој истакнал како по неуспесите на Илинденското востание, тој и другите комунисти верувале дека единствен начин Македонија можела да се ослободи е без странска помош. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia