Ракометна федерација на Македонија
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) — официјално административно и контролорно тело за ракомет и ракомет на плажа во Македонија, кое ги раководи националните ракометни репрезентации, клубови, лиги и купови. федерацијата е одговорна за организирање на домашни и меѓународни турнири во ракомет. Седиштето на РФМ се наоѓа на Булевар „Кузман Јосифовски - Питу“ бр. 15 во Скопје и федерацијата е дел од Европската ракометна федерација и Меѓународната ракометна федерација од 1993 година, а е дел и од Македонскиот олимписки комитет. Моментален претседател на РФМ е Живко Мукаетов.[1] ИсторијаЈугославијаРакометната федерација на Македонија била основана во 1949 година, во рамките на Ракометната федерација на Југославија. До 1952 година, во Југославија се играло единствено голем ракомет, но во исто време многу попопуларен станал малиот ракомет и станал еден од најпривлечните спортови во Југославија. Првата сојузна лига во Југославија била формирана во 1957 година, кога биле ставени и почетоците на современиот југословенски ракомет, каде натпреварите се играле според двостепениот систем (натпревари меѓусебно дома и на гости). Македонските екипи немале постигнато поголеми резултати во рамките на Југословенската сојузна прва лига, до раните осумдесетти години, кога РК Пелистер во сезоната 1983/84 станал стандарден член на Првата сојузна лига на Југославија, и во сезоните 1986/87 и 1987/88 го освоил второто место во лигата. МакедонијаПо прогласувањето на независност на Македонија, во 1992 година била реоснована Ракометната федерација на Македонија. Македонија во рамките на Меѓународната и Европската федерација, била организатор на следните турнири:
СтруктураМакедонската ракометна федерација е со седиште во Скопје и е федерација основана според законите во Македонија и според актите на европската и меѓународната федерација. Федерацијата била основана како единствено здружение на ракометни клубови, судии, контролории и тренери. Во федерацијата членуваат сите регистрирани ракометни клубови од Македонија. Врховното тело на федерацијата е Собрание на РФМ, Управен одбор и Надзорна комисија. СобраниеСпоред Статутот на федерацијата, Собранието е највисок орган на РФМ. Членовите на Собранието го сочинуваат претставниците на секој ракометен клуб во земјата (еден претставник), претставниците на Здружението на ракометни судии (3 претставници), претставниците на Здружението на ракометни контролори (3 претставници), претставниците на Здружението на ракометни тренери (3 претставници). Помеѓу позначајните работи, Собранието е одговорно за донесување на Статут и програма, донесување годишни извештаи, финансиски планови, избирање на комисии за работа и органи на Собранието, го избира и разрешува Претседателот на Собранието и неговиот заменик, усвојува список на членови за УО, констатира прием на нови членови и престанок на некои членки, избира Надзорна комисија, правилници за ракометни натпреварувања итн. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Собранието, и истото не може да работи доколку на него нема мнозинство од вкупниот број делегати. Собранието од редот на делегатите избира Претседател на РФМ со мнозинство гласови од вкупниот број присутни делегати во Собранието. Претседателот на Собранието се избира за време од 4 четири години. Тој по функција е и Претседател на Управниот одбор. Претседателот, помеѓу најважните должности кои ги има, се претставување и застапување на РФМ во земјата и странство, го предлага составот на УО, ги свикува и раководи со седниците на Собранието и Управниот одбор, ги потпишува актите што ги донесува Собранието, врши контрола над финансиското работење. Претседателот, за својата работа е одговорен пред Собранието на РФМ. Следната табела хронолошки ги прикажува досегашните претседатели на РФМ:
Управен одборУправниот одбор е извршен орган на Собранието и РФМ и брои од 13 до 17 члена. Членовите имаат по еден свој заменик, кој ќе биде именуван од ракометните клубови и фирмите спонзори, кој во отсуство на членот на УО на РФМ го заменуваат и полноправно учествуваат и одлучуваат во работа на УО на РФМ. Мандатот на членовите на УО трае четири години. Помеѓу позначајните работи, Управниот одбор ги подготвува седниците на Собранието, ги извршува и спроведува одлуките, ставовите и заклучоците на Собранието, утврдува предлог, измени и дополнувања на Статутот, усвојува календар за натпреварувачката сезона, систем на државниот куп, термини за преоден рок за ракометари, список на судии и делегати, именува и разрешува генерален секретар, директори, секретари, селектори и тренери на ракометните репрезентации, донесува правилник за сите државни репрезентации, поднесува извештај за својата работа итн. Управниот одбор може да работи ако на него присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број членови на УО на РФМ. Во рамките на работата, УО формира постојани тела. Тие се:
Следува табела на членови на Управниот одбор:
Надзорна комисијаНадзорната комисија ја бира Собранието на РФМ и се состои од три члена. Членовите на Надзорната комисија од своите редови избираат свој Претседател. Надзорната комисија: * врши надзор над правилното спроведување и примената на одредбите на Статутот и другите акти на РФМ што се однесуваат само на материјално -финасиското работење, односно на контролата за наменското користење и располагање со средствата и приходите на РФМ;
Генерален секретарГенералниот секретар според Статутот на РФМ, е раководител на администрацијата на РФМ и во врска со правата и обврските на работниците во администрацијата ги врши правата и должностите на работодавач. Помеѓу позначајните работи, Генералниот секретар се грижи за законското работење на РФМ и на неговите органи итела, извршува одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбо и другите органи и тела на РФМ; предлага мерки за спроведување на одлуките и заклучоците на органите и телата на РФМ, одговорен е за правилната примена на усвоените спогодби и договори, прописите и општи акти итн. Генералниот секретар го именува и разрешува Управниот одбор, а неговиот мандат трае четири години. Следната табела хронолошки ги прикажува досегашните генерални секретари на РФМ[2]:
Следува табела на одговорности на Канцеларијата на РФМ:
Здруженија
ТурнириМашка конкуренцијаЖенска конкуренција
Носители на титули
РепрезентацииПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia