Сачидананд Хирананд Ватсјајн - Ајгеј
Сачинанд Хирананд Ватсјајн (सच्चिदानन्द हीरानन्द वात्स्यायन) (7 март 1911 - 4 април 1987), познат под псевдонимот Ајнеј (или Ајгеј) бил индиски поет, пионер на модерните трендови не само во поезијата на хинду јазикот, туку и во областа на белетристиката, критиката и журнализмот. Тој е еден од највидните експоненти на Nayi kavita (Новата Поезија) на хинду и го уредувал Tar Saptaks. Ајгеј исто така преведувал низа од своите дела, како и дел од творештвото на другите индиски автори на англиски. Ајгеј патувал постојано низ Индија и во странство. Меѓу 1961 и 1964 година бил гостин-професор на Калифорнискиот Универзитет во Беркли. Во 1965 година се вратил во Индија и станал уредник на тамошното списание Dinmaan. Останал во својата земја до 1968 година, кога и заминал на патување низ Европа. Следната година се вратил во Беркли каде останал до јуни 1970 година. Во текот на 1976 година, осум месеци предавал на Хајделбершкиот универзитет.[1] Награди и признанија
Значење и влијаниеПесната „Лов“ на македонскиот поет Анте Поповски е посветена на Арјеј.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia