Севендекли (Кукушко)За селото во Р Македонија, видете Севендекли.
Севендекли (грчки: Επτάλοφος, Епталофос, до 1926 Σεβεντεκλή, Севендекли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 518 метри. Севендекли опфаќа површина од 35 квадратни километри[3]. ИсторијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 464 жители, додека во 1920 година 445 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Епталофос.[4] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 119 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 201 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 175 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 601 жител, во 1971 година имало 585 жители, во 1981 година имало 505 жители, додека во 1991 година имало 719 жител[6]. Денеска, населението на селото е 521 жител според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia