Грачани
![]() Грачани — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје. Денес нема жители.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, помеѓу долините на реките Вардар и Лепенец. Атарот на север се граничи со Општина Качаник во Косово.[3] Ова е ридско село, на надморска височина од 580 м. ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 58 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 122 жители.[4] На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грачане (Gračane) како албанско село.[5] На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го означил Грачане како албанско село.[6] СтопанствоСелото има полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. Според податоци од 1990-тите, највеќе простор зафаќат шумите (441 ха), потоа пасиштата (269 ха), а на обработливо земјиште отпаѓаат 174,1 ха.[3] Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7] Селото доживеало пораст на населението во повоениот период. Забележан е релативно благ пад на бројноста во текот на 1970-тите, со 358 жители во 1981 г. На пописот од 1991 г. во Грачани не е заведен ниеден жител, што се должи на фактот што тоа било меѓу селата кои целосно го бојкотирале пописот.[8] Ова не ја изменило стварноста дека селото речиси се испразнило, бидејќи на пописот три години подоцна е забележан само 21 жител, а во текот на следните години било сосема е напуштено. Според пописот од 2002 година, Грачани немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia