Список на литературни дела од Алексо Мартулков![]() Ова е список на литературни дела напишани од Алексо Мартулков. Поради лошата архива, повеќето негови дела се целосно изгубени, додека за другите многу малку се знае за нивната содржина. Единственото дело на Мартулков што доживеало успех е неговата последна книга со наслов „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ објавена во 1954 година од Институтот на национална историја. После втората светска војна Алексо Мартулков успешно се вратил во Македонија за да може да учествува во второто заседание на АСНОМ.[1] После заседанието тој се преселил во Скопје и почнал да пишува повеќе статии, брошури и книги за неговото револуционерно учество. Некои од брошурите и статии ќе бидат повторно искористени во неговата последна книга која била уредена од Ѓорѓи Абаџиев. По 1954 година ќе се пензионира и ќе се откаже од пишувањето. СтатииРазвитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востаниеСтатијата е објавена во стариот весник „Трудбеник“, година II, број 35.[2] Делото дава увид во тоа како тогашните македонски револуционери мислеле дека можеле да го решат сложеното македонско прашање. Според Мартулков, причината зошто постарите бунтови биле неуспешни како Македонското востание и Разловечкото востание е поради тоа што главните организатори не верувале дека нивниот бунт соодветно ќе го решило македонското прашање, а друг фактор бил недостаток на комуникација.[3] Тој, исто така, истакнал дека старите македонски револуционерите кои го поддржувале обединувањето на Македонија со Бугарија во 18 век не го поддржале затоа што биле бугарофили, туку затоа што тоа било најдобриот компромис во тоа време.[4] Статијата навлегува подлабоко за тоа како движењето за автономија на Македонија и Одринско се развило во движење за независна Македонија. Тој истакнал како по неуспесите на Илинденското востание, тој и другите комунисти верувале дека единствен начин Македонија можела да се ослободи е без странска помош. За Гоцета Делчев![]() Статијата помогна да се унапреди Делчевологијата во перспективата на македонските социјалисти наместо дејци од Македонската револуционерна организација.[5] Според Христо Андонов Полјански во последното дело на Алексо Мартулков со насловот „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ е додадена дел од статијата од уредникот Ѓорѓи Абаџиев во страна 60 на неговите спомени, според овој фрагмент, во статијата Мартулков за македонскиот народнен херој и апостол Гоце Делчев рекол следно:
БрошуриВрховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против негоВо „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“ најмногу дискутира за судирите помеѓу Македонската револуционерна организација и Врховистите. Други дискутирани теми се како Јане Сандански ги критикувал за време на Рилскиот конрес и како групата се поделила поради нивното негативно влијание врз револуционерната организација организацијата. Брошурата е повеќе познато по тоа што е најстарото дело во новосоздадената социјалистичка Македонија кое дискутира за темата на Врховизмот и нејзините следбеници.[7] За положбата по Илинденското востаниеМногу малку се знае за оваа брошура, датумот на издавање и издавачот е целосно непознат. Има минимална документација за нејзе од историчарот Ристо Поп Лазаров во својата книга „Грчката политика спрема Македонија во втората лоловина на 19 и почетокот на 20 век, вооружени, пропаганди, дипломатски и други антимакедонски акции и борбата против нив на теренот“.[8] Некои исечоци од брошурата биле додадени во неговото последно дело од уредникот Ѓорѓи Абаџиев, според Мартулков како резултат на Илинденското востание многу луѓе биле ранети низ цела Македонија. Привремено стапил во Македонската револуционерна организација со намера да ги излечи ранетите револуционери.[9] СпомениСпомени од втората половина на XIX век до 1912Не се знае многу за делото поради лошото архивирање. Наведен е во некои дела што потврдува дека постоел во одреден период, цитиран е во книгата „Современост литература, уметност, општествени прашања“ од здружението Републичка заедница на културата,[10] според д-р. Јусуф Хамза, кој исто така го користи делото како навод, спомените се наоѓаат во архивата на ОДБ ИНИ, Скопје.[11] Многу елементи од овие спомени завршиле во неговото последно дело „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“.[12] Моето учество во револуционерните борби на Македонија
Најпознатото литературно дело на Алексо Мартулков, Книгата е шестиот дел по ред од поранешниот серијал „Материјали за македонската национал-револуционерна историја“. Првата книга била превод на спомените на Ѓорче Петров од Љубомир Милетиќ, втората книга била превод на спомените на македонскиот револуционер Славејко Арсов,[14] третата книга била превод на мемоарите на истакнатиот македонски национален херој Јане Сандански,[15] четвртата книга била превод на писмата на македонскиот национален херој и апостол Гоце Делчев и петта книга била превод на спомените на Лука Ѓеров и Лазар Димитров. Книгата е составена од 389 страници со 47 поглавја каде што Алексо Мартулков детално раскажува за неговите млади години, како со пропагирањето на македонскиот преродбеник Васил Главинов тој почнал да се ориентира кон социјализмот, неговото учество во македонската револуционерна организација и нејзиниот следбеник. Како им помогнал на илинденците за време на нивното национално востание и за неговото учество во судскиот процес во Бугарија против ВМРО Обединета. Книгата може да се подели во четири главни дела: младоста, приклучување и учествување во МРО, улогата во ВМРО Обединета и активистички дејства во Бугарија. Не се знае конкретно кога било напишано делото, во книгата „За работничкото движење во Македонија до Балканската војна“ издадена во 1950 година, историчарот Данчо Зографски истакнал како во архивите на Скопје имало необјавен ракопис од Алексо Мартулков.[16] Во 1952 година дел од неговите спомени биле објавени во списанието „Материјали за македонската национал-револуциона историја“ од Ѓорѓи Абаџиев.[17] Кога била објавена книгата нејзината цена била 250 југословенски динари.[18] Книгата доживеала голем успех и како резултат од тоа има примероци во странски државни библиотеки како библиотеките во Грција, Бугарија, Црна Гора,[19] Данска,[20] Германија,[20] Франција, Холандија,[20] Обединето Кралство и Соединетите Држави,[20] Денес книгата е пристапна во различни библиотеки во Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово, Скопје, Велес, Струмица, Струга итн.[21] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia