Шуми од црни борови (Pinus nigra - Pinus pallsiana) и даб прнар (Quercus coccifera). Поранешен посебен резерват.[7] Тука се среќава асоцијацијата Coccifero-Carpinetum orientalis pinetosum pallasianae. Чам Чифлик е брдо веднаш над Струмица меѓу клисурите на реките Водочница и Тркајана. Највисоките делови претставуваат избраздено плато на 400-450 надморска височина каде има меѓи од ниви. Падините се стрмни и браснати со црниот бор и прнарот. Освен прнарот, други средоземни видови се: Clematis flammula, Osyris alba, Cistus villosus, Carex dystachya и други. Оваа прнарска шума е одвоена од главнината во Вардарската долина со широк појас од плоскачева шума на Костуринското плато. Изолираноста на оваа шума, појавата на црн бор во неа, потоа самото станиште: испомешано карбонатно и силикатнокамено тло во еден длабок нанос со делумно избивање на матичните стени, го прават овој предел специфичен во Македонија.
Шума од црни борови (Pinus nigra Arm.).[10] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1964 година.[10][11] Се наоѓа во месноста Менкова Ливада во Мариово, во 59. оддел на Рожденските Шуми.
Шуми од елки (Abies alba) околу селото Брајчино.[13] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1967 година.[14] Се наоѓа во месноста Рупа во 28. и 29. оддел од шумско-стопанската единица Брајчино. Во нејзините рамки се издвојува асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale. Таксационите елементи, надморската височина и живописноста на околината се елементи кои ја прават особена оваа шума.
Насад на див костен (Aesculus hipocastanum) покрај истоимената месност.[10] Првично бил прогласен за ботанички резерват во 1960 година.[10][11] Се наоѓа во близина на селото. Состоина се состои од околу 4000-5000 стебла.
Насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката, источно од селото.[16] Првично била прогласена за ботанички резерват во 1960 година.[11][16]
Шума од чинари (Platanus orientalis L.) покрај реката.[10] Првично била прогласена за посебен резерват во 1963 година.[10][11] Се наоѓа меѓу селата Иберли и Челевец. Ова заштитено подрачје претставува чист насад од платанова шума во кој се застапени скоро сите дебелински класи од 20 см па до 1,20 см. Во 1992 година била забележано дека стеблата на платанот биле нападнати од губар. Константирана била и недозволива сеча.
Насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката.[16] Првично била прогласена за ботанички резерват во 1960 година.[11] Дивиот костен се наоѓа по течението на реката, југозападно од возвишението Црн Врв (1501 м) во близина на Лазарополе. Се работи за автохтони поединечни и групни стебла.
Шума од бел бор (Pinus silvestris L.).[10] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1964 година.[10][14] Заштитеното подрачjе се наоѓа во изворишниот дел на Бистричка Река под Голем Козјак, оддел 45 - Мариово. Во однос на просторот и квалитетот на дрвото, оваа шума е мошне ретка во Република Македонија.
↑ 6,06,16,26,3„Application Guidelines“(PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 8 април 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑ 9,09,19,2„Application Guidelines“(PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 8. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 16 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)