Ова e список на резервати во Македонија. Резерватите се дел од заштитените подрачја на Македонија. Некои од нив се прогласени со посебен закон донесен во Собранието на РМ, а некои со одлуки на Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Резерватите се поделени на: строги природни резервати; посебни резервати; ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резервати.
Орнитолошко наоѓалиште. Се наоѓа на 30 км југозападно од Кавадарци. Во него живеат 23 видови птици грабливки, од кои 17 видови се гнездилки во подрачјето. Тоа го прави подрачјето едно од најзначајните резервати во Европа.
Шуми од брези (Betula verrucosa).[7] Подрачјето го сочинуваат две состоини кои се наоѓаат на планината Баба кај месностите Непртка и Калозјана. Овие состоини го завземаат најјужниот ареал на простирање во Република Македонија.
Шуми од балкански буки (Fagus moesiaca).[7] Се наоѓа на планината Баба, во месноста Калозјана, во состав на шумско-стопанската единица Брајчино I. На ова место се издвојува асоцијацијата Calamintho grandiflorae - Fagetum. Оваа шума во однос на таксационите елементи, составот и живописноста на просторот во кој се наоѓа е редок примерок на балканската бука во Македонија.
Шуми од црни борови (Pinus nigra - Pinus pallsiana) и даб прнар (Quercus coccifera). Поранешен посебен резерват.[14] Тука се среќава асоцијацијата Coccifero-Carpinetum orientalis pinetosum pallasianae. Чам Чифлик е брдо веднаш над Струмица меѓу клисурите на реките Водочница и Тркајана. Највисоките делови претставуваат избраздено плато на 400-450 надморска височина каде има меѓи од ниви. Падините се стрмни и браснати со црниот бор и прнарот. Освен прнарот, други средоземни видови се: Clematis flammula, Osyris alba, Cistus villosus, Carex dystachya и други. Оваа прнарска шума е одвоена од главнината во Вардарската долина со широк појас од плоскачева шума на Костуринското плато. Изолираноста на оваа шума, појавата на црн бор во неа, потоа самото станиште: испомешано карбонатно и силикатнокамено тло во еден длабок нанос со делумно избивање на матичните стени, го прават овој предел специфичен во Македонија. Подоцна е прогласен за парк на природата.[15][16]
Насад од смрекова шума (Picea excelsa L.).[7] Шумата се наоѓа кај туристичкиот центар Попова Шапка. Со прогласувањето на Националниот парк Шар Планина на 30 јуни 2021 година,[17] резерватот де јуре престанал да постои.
Поранешен посебен резерват со шума од црни борови (Pinus nigra Arm.).[19] Подоцна бил прогласен за парк на природата. Се наоѓа во месноста Менкова Ливада во Мариово, во 59. оддел на Рожденските Шуми.
Поранешен посебен резерват со шуми од елки (Abies alba) околу селото Брајчино.[7] Се наоѓа во месноста Рупа во 28. и 29. оддел од шумско-стопанската единица Брајчино. Во нејзините рамки се издвојува асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale. Таксационите елементи, надморската височина и живописноста на околината се елементи кои ја прават особена оваа шума. Подоцна бил прогласен за парк на природата.
Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hipocastanum) покрај истоимената месност.[19] Се наоѓа во близина на селото. Состоина се состои од околу 4000-5000 стебла. Подоцна бил прогласен за парк на природата
Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката, источно од селото.[21] Подоцна била прогласена за парк на природата.
Поранешен посебен резерват со шума од чинари (Platanus orientalis L.) покрај реката.[19] Подоцна била прогласена за парк на природата. Се наоѓа меѓу селата Иберли и Челевец. Ова заштитено подрачје претставува чист насад од платанова шума во кој се застапени скоро сите дебелински класи од 20 см па до 1,20 см. Во 1992 година била забележано дека стеблата на платанот биле нападнати од губар. Константирана била и недозволива сеча.
Поранешен ботанички резерват со насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката.[21] Подоцна била прогласена за парк на природата. Дивиот костен се наоѓа по течението на реката, југозападно од возвишението Црн Врв (1501 м) во близина на Лазарополе. Се работи за автохтони поединечни и групни стебла.
Поранешен посебен резерват со шума од бел бор (Pinus silvestris L.).[19] Подоцна бил прогласен за парк на природата. Заштитеното подрачjе се наоѓа во изворишниот дел на Бистричка Река под Голем Козјак, оддел 45 - Мариово. Во однос на просторот и квалитетот на дрвото, оваа шума е мошне ретка во Република Македонија.
Поранешен посебен резерват со борова шума од кривул (Pinus mugo) на планината Јакупица.[14] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1969 година.[12] Се наоѓа северно од Солунска Глава кај месноста Ручица на надморска височина од 1500-2000 м. Подрачјето е заштитено поради што има единствена компактна зачувана состоина од борот кривул во Македонија, а истовремено тоа е најјужното наоѓалиште на ареалот на распростанување на Балканскиот Полуостров. Подоцна е прогласен за споменик на природата.
↑ 13,013,113,213,313,413,5„Application Guidelines“(PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 17 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑ 20,020,120,2„Application Guidelines“(PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 8. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 16 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)