Раотинце
Раотинце (познато и како Ротинце) — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Потекло и значење на името![]() Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Раотинци во XVI век (1568-69 г.). Името доаѓа од исчезнатото лично име Рахота, што е изведено од Рах(о) + ота и се поврзува со имињата Рахослав, Радослав и Радомир.[2] Географија и местоположбаРаотинце се наоѓа во областа Долен Полог, сместено непосредно на десната страна на реката Вардар на територијата на Општина Јегуновце.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 390 метри. Од градот Тетово е оддалечено 25 километри.[3] Низ селото поминува локален асфалтен пат, кој ги поврзува селата Јегуновце и Сиричино. Раотинце е прво потпланинско село под Жеден, сместено на неговата северна страна. Западно покрај селото тече Вардар. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Прајца, Рудина, Раденица, Опулица, Воденица, Три Реки, Тресибаба, Заловче, Лука, Голема Ливада, Јурија, Арбино, Шија, Бараковце, Дубрава, Ребари, Широки Рид, Колчести Габер, Расој, Свињски Рид, Кастрена Фоја, Рид Бунар, Дол Бунар, Крешанско Ритче, Бачилиште, Коловозиште, Кашкалиште, Креша, Пеа Нива, Илин Гроб, Крешански Дол, Чаушица, Крвомоч, Блатиште, Крешанско Трло, Дубје, Јасење, Прекаче, Бајков Дол, Рамниште, Околу Присој, Рикаец, Свињак, Опаљ, Фојник и Златица.[4] Селото има многу збиен тип, а куќите се поделени во две маала: Долно и Горно Маало, кое се нарекува и Чифлик-Маало.[4] ПоплавиПоради својата местоположба и нерегулираното корито на реката Вардар низ селото, Раотинце се соочува со чести поплави.[5] Историја![]() Раотинце е старо село. Во историските записи за првпат се споменува во 1461 или 1462 година од страна на Мехмед-бег, кој пријавил во Тетово дека поседува ливада, која се наоѓала во „Рахотинце“, која од едната страна граничела со реката Вардар, а од другата страна со патот кој води до селото Подбреѓе. Ливадата била голема 70 плугови.[4] Втор пишан акт за Раотинце потекнува од 1470 година, кога извесен Кјебира Мухамед купува нива од Иван од Радотинце споменувајќи пат кој води од Раотинце до Удварце (денешно Дворце).[4] Некогаш постоел и чифлиг во Раотинце, но нема записи кој бил сопственик и кога се распаднал.[4] Во текот на Втората светска војна, селото се нашло на границата помеѓу бугарската и италијанската окупациска зона. Италијанските власти сакале да целиот Полог да припадне кон Албанија, но жителите на Раотинце спровеле низа акции и писмени протести до германската воена управа со желба да бидат дел од бугарската окупациска зона. Поради ова, селото станало дел од најсеверниот дел на Полог, кој влегувал во границата на Бугарија, каде што останал до 1944 година. Ова му го донело на селото именувањето „Мала Софија“. СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 15,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.181 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 231 хектар, а на пасиштата само 10 хектари.[3] Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото има услужни објекти.[3] Во селото постојат неколку фирми меѓу кои најпозната е фирмата за производство на минерална вода „Ротико-Менада“. Жителите на Раотинце се занимаваа претежно со одгледување на добиток и производство на млеко, додека најодгледувани земјоделски култури се: грав, пченка, пченица, компир, пипер, домати и други. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раотинце живееле 360 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раотинце имало 464 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Раотинце е центар на општина од четири села и има 82 куќи со 625 жители.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци.[9] Од селото се иселил голем дел од населението и тоа преминало од големо во мало село. Така, во 1961 година селото имало 1.008 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 648 жители, од кои 635 биле Македонци и 9 Албанци.[3] Според последниот попис од 2002 година, во селото Раотинце живееле 565 жители, од кои 559 Македонци, 4 Албанци, 1 Србин и 1 останат.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 482 жители, од кои 443 Македонци, 11 Албанци и 28 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРаотинце е македонско село.[4] Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
ИселеништвоПокрај споменатите иселувања по родовите се знае и за следниве иселени родови: Серафимовци (1 к.), живеат во Јегуновце и Волчеи (7 к.), живеат во Џепчиште.[4] Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Раотинце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Раотинце, се наоѓале и селата Жилче, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Озормиште, Подбреѓе, Прељубиште, Сиричино, Туденце и Шемшево. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Јанчиште, во која влегувале селата Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Подбреѓе и Раотинце. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2120 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната зедница.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 510 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 505 гласачи.[18] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia