Јажинце
Јажинце — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово. Географија и местоположбаИсторијаСтопанствоНаселение
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[2] Според пописот од 2002 селото брои 1.099 жители, од кои 1.098 Албанци и 1 останат. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 913 жители, од кои 884 Албанци и 29 лица без податоци.[3] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЈажинце е албанско село, а до крајот на 20 век имало и Македонци во селото. Според истражувањата во 1940-тите родови во селото се:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 2132 и 2132/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.118 гласачи.[10] Културни и природни знаменитостиЦрквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.[11][12] Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоОд селото се иселени повеќе Македонци. Се памтат многу иселени македонски родови како: Блажевци, Шиндаровци[13], Јаќимовци, Димовци, Јанковци, Ристовци, Јошевци и др. Многу од нив се иселени во Тетово, некои и на други места. Во околните села познати се следните родови иселени од Јажинце: Јажинковци (3 к.) се иселени во селото Јанчиште.Кичиновци (6 к.) иселени се во селото Кучково, Скопско. Војиновци (4 к.) иселени се во селото Волково, Скопско. Они од Волково имаат иселеници и на други места. Од лозата на Шиндаровци, преселени се во населени места околу Скопје: Драчево, Црешево, Лисиче. Од муслиманските родови иселеници има во: Пржалар иселени се во селото Прошовце. Јажинци (11 к.) иселени се во селото Долно Свиларе, Скопско. И на двата рода подалечно потекло им е од северна Албанија.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia