Теодосиј Гологанов
Митрополит Скопски Теодосиј Гологанов (7 јануари 1846, Трлис, денес во Егејскиот дел на Македонија - 1 февруари 1926, Софија, Бугарија) — македонски национален деец, митрополит, поборник за обновување на Охридската архиепископија и создавање на македонска национална држава. Рани годиниРоден е во село Трлис, Драмско во 1846 година. Неговото световното име било Васил Гологанов. Првата писменост ја добил кај татка си поп Илија. Васил во 1860 бил испратен во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Серско. Четири години по своето стапување во манастирот, Теодосиј бил ракоположен за јеромонах (1864) од страна на митрополитот Прокопиј и поставен за игумен на еден помал манастир во близината на Срез, воедно си го продолжил своето образование во Серската класична гимназија. Во 1865 година, Теодосиј активно се вклучил во националното движење преку борбата за отворање на училишта и замена на грчкиот со црковнословенскиот јазик при богослуженијата. Во 1867-68 година, Гологанов бил во Мостар како протосинѓел на херцеговскиот митрополит Прокопиј. Подоцна Теодосиј заминал за Пловдив каде бил поставен за ефимериј при црквата „Св. Богородица“, а потоа за игумен на Кричимскиот манастир „Св. Врач“ (1869-1873). Егзархиска службаСо создавањето на Егзархијата во 1870 година, од страна на отоманската власт и дадената можност на македонските епархии да можат да си одлучат под чија црковна управа ќе бидат, голем дел од нив се одлучиле за Егзархијата. Во 1873 година, од страна на Пловдивската црковна општина, во Сер бил испратен Теодосиј. Сметано е дека причината за испраќањето на Теодосиј во Сер во овој период, била и неговата поврзаност со револуционерното движење во областа на Крчимскиот манастир каде што бил игумен. Како што може да биде видено со своето заминување за Пловдив, Теодосиј е ставен во служба на Егзархијата и дејствувал како нејзин свештеник. Во 1874 година, тој бил удостоен со архимандритски чин од страна на езгархот Антим, и бил поставен за ефимериј при храмот „Св. Стефан“ во Константинопол. Веќе наредната 1875 година, архимандритот Теодосиј бил во Ниш, како помошник на нишкиот митрополит, тогаш под јурисдикцијата на Егзархијата. Во 1876 година Гологанов бил повикан во Константинопол. Таму, тој бил избран повторно од Синодот да служи во црквата „Свети Стефан“. Помеѓу 1878 и 1880 година, Гологанов бил поставен за егзархиски наместник во Константинопол. Од 1880 до 1885 година, Теодосиј бил претставник на Егзархијата при Високата порта, а во 1885 година, тој бил устоличен за скопски митрополит, но бератот за поставување во Скопје го добил дури во 1890 година, а дотогаш чекал во Константинопол. Ова било поради спротивставувањето на Вселенската патријаршија, која била поддржана од Грција, како и од страна на Србија. Допири со Тајниот македонски комитетВо 1887 година, Теодосиј се поврзал и со Тајниот македонски комитет од Софија преку Коста Групчев и Наум Евро. Тајниот македонски комитет бил организација на македонските интелектуалци кои биле незадоволни од односот на пропагандите кон македонската народна посебност,[1] комитетот имал своја програма која се залагала за протерување на бугарските свештеници и учители од Македонија[2]. Кај овие дејци имало влијание на српската пропаганда, првенствено во јазикот. Имено, се барало печатње на весник на македонски јазик[3] но бидејќи тој не бил книжевно обработен, требало бугарските зборови да бидат исфрлени од македонскиот јазик, и да бидат заменети со српски.[3] Во тајни преговори во Белград, со српската влада за соработка во 1886 година, било решено дека ќе биде актуелизирана заложбата за обнова на Охридската архиепископија. Групчев сведочел за Теодосиј дека тој изјавил готовност да застане на чело Охридската архиепископија доколку истата биде возобновена. Ова траело сè до 1890 кога егзархот Јосиф I со поддршка од бугарската Влада повторно го актуелизирал прашањето за берати за егзархиските епископи за Скопје и Охрид. Како одговор на ова барање, големиот везир на 15 март 1890 издал везирско тескере на митрополитот Теодосиј за да може привремено да престојува во Скопје. Самото пристигнување на митрополитот Теодосиј во Скопје предизвикало револт и протести од страна на грчкиот и српскиот конзул. Митрополитот Теодосиј бил избркан од Скопје на 27 април 1890 година. По патот, тој водело до разговорот со српскиот конзул во Солун, со кого што се сретнал на бродот за Константинопол при своето враќање. Тој изјавил дека ниту српската, ниту грчката политика немаат штета од него бидејќи според него тој е родум Македонец и не е приврзан кон Егзархијата и доколку бидат создадени објективни услови, би се откажал од неа за сметка на возобновена Охридска архиепископија. Овие размислувања на митрополитот Теодосиј биле повод за обидот на егзархот Јосиф I подоцна да го смени. Под притисок од бугарската Влада на 24 јули 1890 година, Високата порта издала два берата за егзархиски владици за Скопје и Охрид. По издавањето на бератите, егзархот Јосиф I се обидел да го смени митрополитот Теодосиј, но ова не било прифатено од страна на Високата порта, поради српскиот дипломатски притисок. На 30 јули 1890 година, митрополитот Теодосиј пристигнал за вторпат во Скопје. Борба против пропагандите![]() Митрополитот Теодосиј Гологанов ги согледал штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонската народна посебност. Во своето писмо од 22 јуни 1891 година до проигуменот Дионисиј пишал:
Митрополитот Гологанов против бугарската пропаганда презел и конкретни мерки. Имено, најпрво го отстранил директорот на скопското училиште, Антон Наследников бидејќи бил Бугарин[5] Потоа презел дејство за остранување на сите проегзархиски чиновници од црковно-училишната општина преку организирање на нови избори. При изработката на списокот на учители за учебната 1891/92 година, ги остранил имињата на сите учители кои биле родум од Бугарија и ги заменил со Македонци[5]. Сакал да биде отворено словенско одделение при вилаетската печатница во Скопје каде требало да бидат печатени книги на македонски јазик.[5] На крај, ги изгорел сите дукументи од Митрополијата и ги заменил со нови во кои намерно бил изоставен зборот Бугарска егзархија. Овие документи биле печатени на македонски јазик, штипско-велешко наречје[5]. Во почетокот на октомври 1891 година, за првпат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, [5] предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – вселенската и егзархиската.[5] Обиди за возобновување на Охридската архиепископијаСо оглед на тесната поврзаност на православните цркви со локалните национализми (грчкиот и бугарскиот во овој случај) митрополитот знаел дека ниту Патријаршијата, ниту Егзархијата нема да се согласат со возобновување на Охрид како архиепископски центар на одделна црква. Затоа во 1891 г. Митрополитот Теодосиј се обидел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија[5]. При тоа поставил шест услови:
На 4 декември истата 1891 г. Теодосиј му напишал писмо на папата Лав ХIII, во кое го моли Светиот отец од свое и од името на целата православна паства во Македонија: „да нè прими под крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ја обновиме стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 г. Кон крајот на месец ноември 1891 започнале преговори и помеѓу Цариградската патријаршија и митрополитот Теодосиј. Всушност, Цариградската патријаршија во започнатите преговори во Скопје помеѓу Теодосиј и грчкиот конзул јасно изјавила дека го прифаќа митрополитот Теодосиј под нејзина канонска јурисдикција, но не прифатила ниту еден од условите на митрополитот Теодосиј, односно возобновување на Охридската архиепископија. Од ова се гледа дека единствениот повод што Цариградската патријаршија дозволила воопшто да има преговори помеѓу неа и митрополитот Теодосиј е желбата да си ги поврати епархиите во Македонија изгубени при создавањето на бугарската Егзархија. Во овој период и Српската пропаганда го засилила своето дејствување преку српскиот конзул во Скопје. Гледајќи дека митрополитот Теодосиј веќе и јавно е напаѓан од страна на Егзархијата, Кариќ сметал дека ќе може да го привлече кон Српската пропаганда ветувајќи му возобновување на Охридската архиепископија со помош на Цариградската патријаршија. Според планот на Кариќ, Охридската Архиепископијата би била под јурисдикција Карловачката митрополија. За оваа идеја, Кариќ се консултирал и со Стојан Новаковиќ којшто предложил да го поткупат Теодосиј.На ова српската Влада одговорила со испраќање на финансии за реализирање на планот на Кариќ. Но, иако со својето дејствување Српската пропаганда успеала да привлече некои свештеници, сепак нивниот број бил мал. Реакција на Бугарската егзархијаЗа сите активности на митрополитот Теодосиј, Егзархијата и бугарската Влада биле темелно и постојано известувани од страна на своите приврзаници. Отворањето на првото српското училиште во Скопје на 29 мај 1891 било последна капка во чашата на бугарското трпение. На почетокот од јуни 1891 егзархот Јосиф I го повикал митрополитот Теодосиј да појде во Цариград и да ја образложи и оправда својата дејност во Скопската епархија. На ова, Теодосиј не одговорил по што следувале уште две покани. Во последната било посочено дека доколку Теодосиј не се појави во Цариград пред Егзархот ќе биде даден на Црковен суд и ќе му биде одземен митрополитскиот чин. Како поддршка на последното писмо осумнаесет скопски чорбаџии организирале свој Епархиски совет и го прогласиле Теодосиј за сменет. Како одговор на одбивањето на митрополитот Теодосиј да се појави во Цариград и да се покае за она што го работел, Синодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со егзархот Јосиф I којашто требало да одлучи. Одлуката донесена од страна на оваа Комисија била да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. На сила е одведен во Цариград, каде што во јануари 1892 од страна на Егзархијата бил обвинет меѓу другото и за „создавање на народност што не постоела во историјата“.[7][8] Во март 1892 г. му била одземена титулата „Скопски митрополит“. Во врска со неговото сменување Д. Секарлиев истакнува:
Втора егзархиска службаПотоа Гологанов се преселува во Бугарија, кога по отстранувањето на скопската катедра тој е испратен во Драгалевскиот манастир во близина на Софија. Истата година црковните власти му простиле на Гологанов и бил назначен за помошник на Пловдивскиот митрополит Натанаил Охридски. Подоцна, тој служел во Бачковскиот и Рилскиот манастир. Во периодот од 1901 до 1906 година Гологанов бил митрополит на Пловдивската епархија. По некој период, Скопската епархија повторно останала без епископ и Теодосиј Гологанов со помош на Петар Поп Арсов се кандидирал за митрополит на оваа епархија. Стариот став на црковните авторитети повторно важел. Гологанов зел учество и во акцијата за покрстување на Помаците. Во Софија, во ноември 1915 година, кога бугарската армија ги разбила српските војски во Македонија, го богослужил свечениот молебен по повод Денот на победата. Од 1915 до 1919 бил митрополит на новосоздадената Марониска епархија со центар Ѓумурџина, денес Комотини, Североисточна Грција.[10][11] Подоцна бил лектор во Духовната академија во Софија каде и починал во 1926 година. Влијание врз Македонското национално-ослободително движењеМитрополитот Теодосиј Гологанов извршил силно влијание врз младата македонска ителигенција и придонел да се разгори македонското национално чувство кај македонското граѓанство. Две години подоцна неговата дејност била забележана и од Петар Поп Арсов кои истакнува:
Неговото сменување предизвикало револт кај македонскиот народ и се сметало како напад на националните сремежи. Сменувањето предизвикало масовни протести против Бугарската егзархија и тоа не само од страна на Скопската туку и од другите црковно - училишни општини (Охрид, Битола, Прилеп, Сер, Солун, Неврокоп, Штип, Струмица, Велес и други). Протестите носеле македонски национални белег [5], бидејќи се потенцирало дека Теодосиј Гологанов по потекло е Македонец [5], кој се стремел да ја обнови Охридската архиепископија. Научна работаТеодосиј Гологанов од 1910 година бил член на Бугарското книжевно друштво.[13] За време на неговиот живот, тој се ангажирал и во издавање на научни трудови и преведување книги на бугарски јазик со религиозно-филозофска тематика. Неговите дела се:
Од областа на преведувањето, се забележуваат преведените книги: „Потеклото на човекот и хармонијата меѓу христијанството и науката“ од грчкиот филозоф И. Скалцуни, „Загубениот рај “ од Џон Милтон, „Мачениците или победата на христијанската религија“ од Шатобријан, „Животот на Исус Христос“ од Ф. В. Ферар и „Придобиениот рај“ од Џон Милтон. Родословие
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia