Правишта се наоѓа 17 км западно од градот Кавала в во југоисточното подножје на плнината Кушница (Пангео), на реката Лаџа (Мармара).
Историја
Потекло на поимот
Според Јордан Н. Иванов Правишта е патронимно лично име од личното име *Прав(о). Жителското име е правиштанин, правиштанка, правиштани.[3] Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е од првичниот патроним на -ишти *Правишти од личното име Прав(о).[4]
Во Османлиското Царство
Во Калимановата грамота од XVI век се среќава „Правица“, и смета дека се работи за Правишта. Името се среќава кај Хаџи Калфа в средината на XVII век во Турцизираниот облик Пираушта.[4]
Во Правишта имало голем турски арсенал. Од XVII век тука се изработувале ѓулиња за турската атрилерија, а веројатно се одлевале и други железни предмети за армијата.[5] Кон крајот на XIX век, Правишта бил центар на мала каза во Османлиското Царство. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) пишува за Правишта:
Градот Правишта или Прави на грчки е расположен во рамнина по двата брега на неголема река... Правиште е седиште на мудурот, кадијата и меџлисот на казата. Во градот има 6 турски џамии, од кои една им припаѓа на Циганите-муслимани. Христијаните имаат епископски дом со црква и две грчки народни училишта. Тука постојано живее епископ, наречен Правишки [Елефтеруполски] и потчинет на Драмскииот митрополит. За своја издршка овој епископ зема од секоја христијанска двојка во Правишката каза по 32 пијастри годишно, додека во другите кази овој износ не надминува 6 пијастри. Образложението на високиот данок е многубројноста на христијаните под водство на Правишкиот [Елефтеруполскиот] епископ.[6]
Правишта, паланка на југ од Драма 5 часа пат. Изградена е меѓу падини, кои се спуштаат меѓу двата напоредни венци на Прнар (Кушница) до истоимената река. Седиште на грчкиот митрополит „Елевтериополски“. Има пазар, а на Митровден има панаѓур, кој трае 1 седмица. Панаѓурот има 3000 посетители. Жителите се 3000 Грци, со црква и училиште. Правишката нахија ја сочинуваат 16 грчки села едно македонско, Натен, со 40 куќи. Веројатно има и други македонски села; но не можев да добијам веродостојни податоци.[7]
Градот е заземен од четата на кумановскиот војвода Панајот Бајчев на 31 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна. Истовремено во Правишта влегува и четата на грчкиот андарти капетан Дукас Дукас, по што во градот остануваат бугарски воени единици.[10] Петар Бајчев станува воен комендант на Правишта.
Во Грција
Разгледница од Правишта.
Во 1913 г. гратчето влегува во грчката држава по Втората балканска војна. Во 20-те години на XX век е иселено турското население со спогодбата за размена на население меѓу Грција и Турција по Лозанскиот договор и на негово место се доселени грчки дојденци. Во 1928 г. грчкото бегалско население од Турција броело 160 семејства со 745 жители.[11] В 1929 година паланката е преименувана на Елевтеруполис.
↑Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 207.
↑ 4,04,1Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония,ќ София, МНИ, 1996, стр. 188.
↑Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.92.