Фанес (митологија)
Фанес (старогрчки: Φάνης, genitive Φάνητος),[1] или Протогон (грчки: Πρωτογόνος, "Првородениот"), бил мистичен исконски бог на зачнувањето и на создавањето нов живот, кој бил воведен во старогрчката митологија од страна на орфичката традиција. Други имиња за овој класичен грчки орфички концепт се Ерикапеј (Ἠρικαπαῖος or Ἠρικεπαῖος "моќ") и Метис ("мисла").[2] МитологијаВо митовите Фанес често се изедначува со Ерос и со Митра и е прикажан како божество кое произлегло од космичкото јајце, испреплетено со змија. Тој имал шлем и широки, златни крилја. Орфичката космогонија е бизарна и сосем поинаква од сагите за создавањето кои ги нудат Хомер и Хесиод. Научниците сугерираат дека Орфизмот е "негрчко" па дури и "азиско" поимање на нештата, поради неговиот својствен дуализам.[3][4] Орфички митВремето, кое исто така, се нарекува и Еон, создало сребро јајце на вселената. Од ова јајце излегол првородениот, Фанес. Фанес бил машко-женско божество на светлината и добрината, чие име означува "да се донесе светлина", или "да блесне". Првородениот е бог на светлината, кој изникбува од празнината или водената бездна и со него се раѓа вселената.[5] Улогата на Фанес како исконски богМногу теми од претходните митови се очигледни во новата традиција. За Фанес се верувало дека е изведен од Светот-Јајце на Хронос (Времето) и на Ананке (Потребата или Судбинатата) или пак од Никта во форма на црна крилеста птица. Неговата постара сопруга Никта (Ноќ) него го нарекувала Протоген. Откако таа ја создала ноќта, тој го создал денот. Тој го создал методот на создавање со мешање. Станал владетел на божествата и ѝ го дал жезлото на Никта. Оваа нова орфичка традиција вели дека Никта подоцна му го дала жезлото на нејзиниот син Уран пред тоа да дојде во рацете на Крон кој потоа ќе му го предаде на Зевс. Теогонијата на Протогон во други извориСпоред Аристофан, каде тој се нарекува Ерос, Фанес се родил од јајце што го создала Никта. Потоа бил ставен во безграничниот круг на Ереб по што се помешал со Хаосот и ги создал птиците.[6] Овој пасус се обидува да покаже дека птиците се сметаат за постари од сите други живи суштества, постари дури и од другите богови. "Теогонијата на Протогон" е позната преку коментарот во Дервентскиот папирус и наводите на Емпедокле и Пиндар. Според Дамас, Фанес бил првиот бог "изразлив и прифатлив за човековите уши" (грчки: πρώτης ητόν τι ἐχούσης καὶ σύμμετρον πρὸς ἀνθρώπων ἀκοάς ).[7] Друга орфичка химна тврди:[8]
Дервентскиот папирус зборува за Фанес:
Поврзаноста на Протогон и ДионисДионис во орфичката традиција е тесно поврзан со Протогон. Во орфичката химна 30, тој е дадена му е листа со епитети кои, исто така, укажуваат на Протогон: (старогрчки: "πρωτόγονον, διφυῆ, τρίγονον, Βακχεῖον ἄνακτα,ἄγριον, ἄρρητον, κρύφιον, δικέρωτα, δίμορφον") - "исконски, со двојна природа, трипати роден, бахиски господар, дивјак, неискажлив, таинствени, со два рога, и со два облика".[11] Во орфичката традиција, Дионис-Протогон-Фанес е умирачки и оживувачки бог. Евсевиј раскажува приказната за неговата смрт и оживување. Титаните ги свариле откинатите екстремитети на Дионис во котел, го печеле па го јаделе печеното "жртвено месо", тогаш Атена му го спасила срцето (која сè уште чука)[12] од кое (според Олимпиодор)[13] Зевс успеал одново да го создаде богот и да го врати во живот. Кеслер тврди дека овој култ на смртта и воскресението на Дионис развиен во 4-от век, заедно со митраизмот и други секти бил во директна конкуренција со раното христијанство во текот на доцната антика.[14] Извори
Надворешни извориНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia