Еон (митологија)
Еон (грчки: Αἰών) е хеленски бог поврзан со времето, кругот на вселената и на зодијакот. "Времето" претставено од страна на Еон е неограничено, за разлика од тоа на Хронос кое е емпириско време поделено во минатото, сегашноста и иднината.[2] Затоа, тој е бог на вечноста, поврзан со тајните религии кои се интересираат за задгробниот живот, како што се тајните на Кибела, Дионис, Орфеј, и Митра. Во латинскиот концепт божеството може да се појави како Евум (Aevum) или Секулум (Saeculum).[2] Тој обично е во друштво на Мајката Природа (Земја) како божицата мајка Тера или Кибела, како што е прикажан на Парабјагоовата плоча. Приказ и симболика![]() Еон обично се прикажува како гол или полугол млад човек внатре во еден круг кој го претставува зодијакот, или вечното и циклично време. Примерите вклучуваат два римски мозаици од Сентинум (денешен Сасоферато) и регијата Хипо во Африка од римскиот период и приказот на Парабјагоовата плоча. Но, бидејќи тој го претставува времето како циклус, може да се замисли исто така и како старец. Во делото Дионисијака, Нон го поврзува Еон со Хоре[3] и вели дека тој:
Римскиот коментатор Сервиј од 4 век п.н.е забележува дека сликата на змија што ја гризе својата опашка ја претставува цикличната природа на годината.[4] Работејќи на хиероглифите, Хораполо во 5 век прави разлика помеѓу змијата која ја крие својата опашка под остатокот на своето тело, што го претставува Еон, и уроборосот, што го претставува космосот, кој е змија што си ја јаде опашката.[5] ![]() Идентификации
Мартијан Капела (5 век) го идентификувал Еон со Крон (римскиот бог Сатурн), чие име според него во теологијата се меша со тоа на Хронос ("Време"), на начин како што грчкиот владетел со подземјето Плутон го помешале со Плутос (на латински: Plutus, "Богатство"). Мартијан го претставува Крон/Еон како сопруг на Реја (римската божица Опа), која се идентификува со природата.[6] Во неговата мошне шпекулативна реконструкција на Митраистичката космогонија, Франц Кимонт го прикажува Еон како Неограничено време (понекогаш претставен како Секулум, Крон или Сатурн) како бог кој се појавил од предисторискиот Хаос, и кој го создал Небото и Земјата. Ова божество е претставено како леонтоцефалинско, како крилест лав со глава на машка фигура чие голо торзо е испреплетено со змија. Тој обично држи скептра, клучеви, или молња.[7] Ликот на Времето "играло значителна, иако за нас целосно нејасна, улога" во митраичката теологија.[8] Еон се идентификува со Дионис кај христијанските и неоплатонски писатели, иако пред христијанскиот период не постојат показатели дека Дионис е Еон.[9] Еврипид, сепак, Еон го нарекува син на Зевс.[10] Во енциклопедијата Суда Еон се идентификува со Озирис. Во Историјата на Александрија хеленскиот синкретички бог Серапис се идентификува како Плутонски Еон (латински: Aion Plutonius).[11] Епитетот плутонски е знак дека функционални аспекти споделува со Плутон, сопругот на Персефона и владетел на подземјето во Елефсинската традиција. Епифаниј вели дека во Александрија Еоновото раѓање од девицата Кора се славело на 6 јануари: "На овој ден и во овој час Девицата го родила Еон."[1] Датумот се совпаѓа со христијанскиот празник Водици, со кој се заокружува прославата на Нова година и се заокружува временскиот циклус којѓто го отелотворува Еон.[12] Александрискиот Еон може да биде форма на Озирис-Дионис, кој секоја година одново се раѓа. Неговиот лик бил одбележан со крстови на рацете, колената, и челото.[13] Римското ЦарствоОвој синкретичен Еон станал симбол и гарант за вечноста на Римското владеење и императори како Антонин Пиј ковале монети со легендарниот Еон[14], чиј женски римски еквивалент била божицата Етернита.[15] На римските монети стојат и Еон и Етернита заедно со феникс како симбол на преродбата и цикличната обнова.[16] Еон се вбројува меѓу доблестите и во божествените персонификации во подоцнежниот хеленистички дискурс, во кој фигурира како "креативен дејствувач во големата космолошка шема."[17] Поврзано
Библиографија
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia