Холандскиот има многу самогласки — 13 прости и 4 дифтонзи. Самогласките /eː/, /øː/ и /oː/ се ставени во табелата на дифтонзи бидејќи во многу дијалекти тие всушност се изговараат како тесни подзатворени дифтонзи, но се однесуваат фонолошки како другите прости самогласки. Пред /r/ овие самогласки се изговараат како [ɪː], [ʏː] и [ɔː]. [ɐ] (речиси отворена самогласка од среден ред) е алофон на ненагласените /a/ и /ɑ/.
Монофтонзи на холандскиот литературен јазик (Gussenhoven (1992:47) harvcoltxt error: no target: CITEREFGussenhoven1992 (help))Дифтонзи на холандскиот литературен јазик (Gussenhoven (1992:47) harvcoltxt error: no target: CITEREFGussenhoven1992 (help))
[ʔ] во холандскиот не е засебна фонема, туку се става пред слогови кои започнуваат на самогласка по /a/ и /ə/, а често и на почетокот на зборот.
/ɡ/ не е автохтона холандска фонема, туку се јавува само во заемки како goal („гол“) или при озвучување на /k/, како во zakdoek[zɑɡduk].
/ʃ/ и /ʒ/ не се автохтони холандски фонеми, туку се јавуваат во заемки како show („шоу“) and bagage („багаж“). Дури и во тие случаи се реализираат како [sʲ] и [zʲ]. Меѓутоа фонемските низи /s/ + /j/ во холандскиот често се остваруваат како [sʲ], како во зборот huisje („куќичка“). Во дијалектите кои ги слеваат s и z, [zʲ] често се остварува како [sʲ].
Звукот напишан со <ch> е увуларен фрикатив во литературниот холандски[2], а веларен во белгиските дијалекти.[3]
Кај некои дијалекти звучните струјни согласки речиси целосно се слеани со безвучните; /ɦ/ се остварува како [h], /v/ како [f], /z/ како [s], и /ɣ/ како [x].
Остварувањето на фонемата /r/ значително се разликува од дијалект до дијалект. Во литературниот холандски, /r/ се остварува како [r]. Во многу дијалекти оваа фонема се остварува како звучната ресична струјна согласка [ʁ], па дури и како ресичната трепетна согласка [ʀ].
Остварувањето на /ʋ/ во голема мера варира од северните до јужните и белгиските дијалекти на холандскиот јазик. Низа белгиски дијалекти[4][5] ја изговараат како двоуснената приближна согласка ([β]). Други пак, главно северни дијалекти, ја изговараат како усненозабната приближна согласка [ʋ].
Латералното /l/ помалку се веларизира по самогласка.[1]
Литературниот холандски е помалку или повеќе наречјето што се говори во Харлем, а не амстердамскиот дијалект. Амстердамскиот дијалект се разликува од литературниот холандски, на пример, по тоа што /z/ се заменува со [sʲ]
Холандскиот јазик ги обезвучува сите согласки на крајот од зборот (на пр. гласот /d/ во финална позоција станува [t]), што претставува проблем кога холанѓаните учат англиски. Ова делумно се одразува во пишувањето, каде единското huis (куќа) има множина huizen и duif (гулаб) станува duiven. Другите случаи, т.е. ‘p’/‘b’ и ‘d’/‘t’ секогаш се пишуваат со звучната согласка, всушност се изговара обезвучено, како на пр. единското baard (брада), се изговара како [baːrt], во множина е baarden[baːrdən], а еднинското rib (ребро), се изговара како [rɪp], а во множина е ribben[rɪbən].
Заради асимилацијата, првиот слог од следниот збор исто така често се обезвучува, на пр. het vee (говедата) е /(h)ətfe/.
Некои региони (Амстердам, Фризија) ги имаат речи целосно изгубено звучните струјни согласки /v/, /z/ и /ɣ/. Во појужните краишта овие фонеми секогаш се присутни во средината на зборот. За споредба: logen и loochen/loɣən/ наспроти /loxən/. На југот (во Зеланд, Брабант и Лимбург) како и во Фландрија констрастот е уште посилен бидејќи буквата <g> станува палатална. (т.е. станува ѓ).
Крајното 'n' од наставката за множина „-en“ често не се изговара (како кај Африканс, каде се испушта и при пишување), освен на североистокот (долносаксонско) и југозападот (западнофламанско наречје) каде наставката станува слоговен глас „n“.
Нагласок
Кога претпоследниот слог е отворен, акцентот може да падне врз било кој од последните три слога. Кога претпоследниот слог е затворен, акцентот паѓа на еден од двата последни слога. Иако нагласокот е фонемски, минималните парови се ретки.[6] На пример vóórkomen ('случува') and voorkómen ('спречува'). Кај сложени зборови често наоѓаме секундарен акцент. Нагласокот во холандскиот се бележи само по избор, и никогаш не е задолжително, иако понекогаш е препорачано.
Фонотактика
Слоговната структура на холандскиот јазик е (К)(К)(К)В(К)(К)(К)(К) - [7]. Како и во македонскиот и англискиот, многу зборови започнуваат со три согласки - на пр. straat ('улица'). Постојат и зборови кои завршуваат со четири согласки - на пр. herfst ('есен'), ergst ('најлош'), interessantst ('најинтересен'), sterkst ('најсилен'). Најголемиот број од нив се придавки во суперлатив.