Задновенечни согласки (посталвеоларни) се согласки што се создаваат кога јазикот е близу до или го допира задниот дел на забниот венец, поназад во устата од венечните согласки (кои се создаваат на самиот венец), но не понапред од тврдото непце (кајшто се создаваат преднонепчените согласки). Задновенечни согласки во македонскиот јазик се ш, ч, ж, џ [ʃ] [tʃ] [ʒ] [dʒ].
Постојат многу разни видови на задновенечни гласови, особено меѓу шушкавите согласки. Трите главни вида се преднонепчено-задновенечните (на пр. [ʃ ʒ], слабо омекнати); венечно-преднонепчените (на пр. [ɕ ʑ], многу омекнати); и свиени (на пр. [ʂ ʐ], неомекнати). Преднонепчено-задновенечните и венечно-преднонепчените во фонологијата се вбројуваат во „преднонепчени“, бидејќи ретко каде се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки.
Задновенечни шушкави согласки
На табелава се наведени три вида на струјни и еден вид на слеани задновенечни согласки, претставени со Меѓународната фонетска азбука (МФА):
Задновенечни чкрапави согласки
Постојат два вида на чкрапави задновенечни согласки, наречени „задновенечни“ и „преднонепчени“ но можеби е поточно да се опишат како врвнојазични и рамнојазични заднонепчени согласки:
Поврзано
Наводи
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|