Хебрејска граматикаХебрејската граматика или граматиката на хебрејскиот јазик е мешавина на аналитички и синтетичи елементи. Хебрејската граматика е делумно аналитичка, односно во јазикот има одредени падежни форми на дативот, аблативот и акузативот, но со користење на предлози, а не чисти падежи. Сепак, зборообразувањето игра значајна улога при создавање нови глаголи и именки. Правопис![]() Хебрејскиот се пишува од десно кон лево со хебрејското писмо. Како и останатите самогласни писма (абџад), не се пишуваат самогласките. Сепак, поради различни причини, понекагаш треба да се бележат и самогласките. Токму поради таа потреба денес има три начина да се запишат хебрејските зборови:
ПисмоХебрејскиот јазик се пишува со хебрејската азбука. Јазикот се пишува од десно кон лево. Хебрејската азбука всушност е согласно писмо (абџад) и има 22 букви. Древното палео-хебрејско писмо било слична со тоа за хананскиот и за феникискиот јазик. Современото писмо е засновано на букви кои налукуваат на коцки, познати како „ашурит“ (асирски), и потекнуваат од арамејското писмо. За рачно пишување се користи ракописно хебрејско писмо, каде буквите се покружни и поразлични одошто печатените форми. Ракописното писмо се заснова на едно постаро ракописно писмо кое се нарекува рашиево писмо. Бидејќи писмото е согласно, само се користат согласките при пишување, самогласките не се пишуваат и треба да се знаат на памет каде се при изговорот. Сепак, ако треба и тие да се запишат, тие се означени со систем на точки кои се ставаат на согласката со која прават слог, или пак преку употреба на букви кои основно означуваат согласка, а второстепено самогласка, кое пак е познато како „мајка на читањето“ или matres lectionis. Покрај надредните знаци за самогласките, во јазикот се користат надредни знаци за да се означи како точно се изговара самогласката, односно дали е 'с' или 'ш', 'б' или 'в' итн.
ФонологијаСовремениот хебрејски јазик е фонетички поедноставен од библискиот хебрејски јазик бидејќи има помалку фонеми. Сепак јазикот е фонолошки посложен, односно има од 25 до 27 согласки (во зависност од тоа дали се изговараат грлените гласови) и од 8 до 10 самогласки (во зависност од тоа дали се сметаат дифтонзите).
Следната табела дава преглед на хебрејските согласки:[2]
Препречните согласки се асимилираат во озвучување, односно безвучните (/p t ts tʃ k, f s ʃ x/) стануваат звучни ([b d dz dʒ ɡ, v z ʒ ɣ]) кога се појавуваат веднаш пред звучна препречна согласка и обратно.
Во хебрејскиот има девет самогласки, од кои пет се кратки и четири долги:[2]
Долгите самогласки се појавуваат непредвидено каде имало две самогласки разделени со грлена или гласилна самогласка. Секоја од петте самогласки може да се реализира со темен глас [ə] кога не е акцентирано. Во јазикот има и два дифтонга /aj/ (ај) и /ej/ (еј).[2] Кај повеќето од зборовите во хебрејскиот акцентот паѓа на еден од двата последни слога во зборот, а најечест е акцентот на последниот слог. МорфологијаКако и сите семитски јазици, така и хебрејскиот има коренски форми кои се типишно трилитерални, или составен од 3 согласки (но постојат и корени од по 4 согласки). Од овие корени се создаваат именки, придавки и глаголи. Преку внетнување самогласки, удвојување на согласките и со додавање на афикси се создаваат новите зборови. Хебрејскиот јазик користи бројни претставки од по една буква кои се користат за различни цели. Тие се нарекуваат „неразделни препозоции“ или „корисни букви“ (אותיות השימוש, Otiyot HaShimush). Такви се на пример членот ha- (/ha/) (определен член); be- (/bə/) (="во"), le- (/lə/) (="до"), mi- (/mi/) (="од"; кратка форма на min); ve- (/və/) (="и"), she- (/ʃe/) (="дека"), ke- (/kə/) (="како"), итн. ПридавкиПридавките во хебрејскиот јазик доаѓаат по именката и се менуваат по род, број и определеност:
Придавките кои завршуваат на -i имаат малку поразлична форма:
Именките од машки род кои имаат женски наставки за множина /-ot/ сепак имаат наставки од машки род за придавки во множина, пр. מְקוֹמוֹת יָפִים /məkoˈmot jaˈfim/ (убави места). Ова важи за истиот процес за именки од женски род кои завршуваат на /-im/, пр. מִלִּים אֲרֻכּוֹת /miˈlim ʔaruˈkot/ (долги зборови). Голем број од придавките во хебрејскиот потекнуваат од сегашната форма на глаголите. Овие придавки се менуваат исто како глаголите од кои потекнуваат:
ПредлозиКако и македонскиот и англискиот, така и хебрејскиот е јазик со важна улога на предлозите. Јазикот има поголем број предлози. Сепак, неколкуте од најважните хебрејски предлози не се посебни зборови во реченицата, туку се претставки. Така на пример, предлогот „во“ во фразата „во собата“ на хебрејски е בַּחֶדֶר /ba-ˈħeder/. Предлогот אֶת /ʔet/ има важна улога во хебрејската граматика. Негова најчеста употреба е да го претстави директниот предмет. Така на пример, реченицата „Јас ја гледам книгата“ на хебрејски е אֲנִי רוֹאֶה אֶת הַסֵּפֶר /ʔaˈni roˈʔe ʔet ha-ˈsefer/ (буквално Јас гледам /ʔet/ книга-та). Сепак, אֶת /ʔet/ се користи само со семантички „определен“ директен предмет, како што се именки со определен член, лични имиња и лични заменки. За семантички „неопределени“ предмет едноставно не се користи, како на пример во אֲנִי רוֹאֶה סֵפֶר ʔani roʔe sefer (Јас гледам книга). На македонски нема таков предлог, а може да се именува како „предметен предлог“. Предлогот אֶת /ʔet/ исто така има бројни специјални употреби. На пример, кога придавката צָרִיךְ /t͡saˈriχ/ (нужен (од)) зема определена именка, тогаш се користи предлогот אֶת /ʔet/: הָיִיתִי צָרִיךְ אֶת זֶה /haˈjiti t͡saˈriχ ʔet ze/ (буквално Јас-имав нужда-од /ʔet/ ова, односно Ми треба ова). Како и претходно кажаното, אֶת /ʔet/ се испушта ако има неопределена именка: הָיוּ צְרִיכִים יוֹתֵר /haˈju t͡səriˈχim joˈter/ (буквално тие-имаа нужда-од-повеќе, односно Ним им требаше повеќе). Ова е поврзано со глаголскиот вид со кој се користи придавката. Кај индиректниот предмет има потреба од предлог. За тоа кој предлог ќе се користи зависи од глаголот. За нив треба да се има добро познавање или да се ослони кон соодветна литература. Хебрејската граматика разликува различни видови индиректни предмети, во зависност од тоа што се определува. Така, има временски предмет תֵּאוּר זְמַן (/teˈʔur zəman/), предмет за место תֵּאוּר מָקוֹם (/teʔur maˈkom/), премет за причина תֵּאוּר סִבָּה (/teˈʔur siˈba/) и многу други. ПрилозиНекои придавки во хебрејскиот имаат и функција на прилози, со иста форма и изговор. Ако придавката е прилог, тогаш таа е во машки род еднина:
Во други случаи, прилогот има посебна форма:
Трет случај е кога прилогот произлегува од придавка, користејќи ја формата за женски род единина (поетски стил) или женски род множина:
Сепак, повеќето прилози не се совпаѓаат со придавките, туку имаат „прилозни фрази“ кои се создаваат на еден од следниве начини:
Употребата на еден од начините не значи дека ги исклучува и другите начини. Еден прилог може да се направи со повеќе начини. Како и во англискиот, така и во хебрејскиот има прилози кои не се совпаѓаат со соодветната придавка:
СинтаксаСекој хебрејски збор мора да содржи најмалку еден подмет, еден прирок, а другите елементи се незадолжителни. Зборовниот ред на современиот хебрејски е случен со македонскиот и ангискиот на пример,односно подмет-прирок-предмет, за разлика од библискиот хебрејски кој имал зборовен редослед прирок-подмет-предмет.[4] Современиот хебрејски е окарактеризиран по асиметријата помеѓу определениот предмет и неопределениот предмет. Во јазикот има акузативен бележник „ет“, само пред определен предмет (повеќето се определени именки и лични имиња). „Ет“ и „ха“ во скоро време се во процес на спојување и има тежнеење да станат „та“,[5]. Останати синтаксни одлики на хебрејскиот се:
Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia