Црква „Св. Ѓорѓи“ - Брајковци
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во валандовското село Брајковци, Македонија.[1] Местоположба![]() Црквата е изградена на едно возвишено место на крајот од селото, на југоисточната страна.[2] До нејзе води земјен пат, меѓу последните куќи во селото. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта. ИсторијаСтарата црква, пред земјотресот од 1931 година, според народното предание, била изградена во втората половина на XIX век, пред 1870 година од папрадиштанецот Андон Китанов.[3] На неа имало натпис, што се наоѓал над главната влезна врата, кој по извршените поправки на објектот (по земјотресот), бил уништен.[2] АрхитектураТоа е ниска и недоволно угледна архитектурна градба, чиј влез во внатрешноста на храмот се наоѓа на јужната страна.[2] Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На средината на централниот кораб има насликано икона со претстава на Исус Христос Седржител. Осветлена е преку четири прозорци во наосот (по два на јужниот и северниот ѕид). Црквата има влез и од западната страна. Од јужната страна има отворен трем. ФрескоживописЦрквата не е живописана.[2] ИконостасИконите во црквата датираат од XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia