Црква „Св. Димитриј“ - Градец
Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Градец, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото средиште на селото Градец, иако поради напуштањето на селото целосно е обрасната со вегетација и скоро невидлива од самиот земјен пат. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта. ИсторијаЦрквата е изградена во средината на XIX век (пред 1860 година). АрхитектураЦрквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и повисок средиштен кораб; со нартекс на западната страна и голема полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид, над кој има округли окна. Црквата е вкопана и изградена од обичен камен со калкански покрив. ФрескоживописЖивописана е во 1873 година, за што сведочат двата натписа (на грчки и црковнословенски) на насликаниот фрескоживопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата „Страшниот суд“, дело на познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Датумот на натписот е 28 август 1873 година, а насликаната површина е долга околу 11 метри и го опфаќа просторот од левата и десната страна вратата. Фреските се во лоша состојба.[2] Икони и иконостасИконите се насликани во 1869 година од познатиот зограф Исаија Џиков од селото Осој, Дебарско. Иконостасот, исто така дело на Исаија Џиков, е пренесен во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Удово.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia