Црква „Св. Атанасиј“ - Удово
Свети Атанасиј — главна селска црква во валандовското село Удово, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата е сместена на влезот од селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Јосифово. ИсторијаКамен-темелникот за изградба на црквата бил поставен и осветен на 19 април 1993 година, втор ден од христијанскиот празник Велигден, од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква г.г. Гаврил. Храмот бил осветен во 2002 година од поглаварот на Повардарската епархија г. Тимотеј.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумстран тамбур. Источниот ѕид на црквата завршува со полукружна апсида.[2] Влезот на црквата има натстрешница, а над влезата врата има ниша со фреска на која е насликан Атанасиј Александриски. Во дворот на црквата има спомен-чешма и помошен објект. ФрескоживописВнатрешноста на црквата е делумно фрескоживописана од страна на Златко Ристевски од Велес.[2] ИконостасИконостасот е пренесен од црквата „Св. Димитриј” од селото Градец, а истиот е изработен од страна на зографот Исаија Џиков од Дебарско.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia