Црква „Св. Илија“ - Раброво
Свети Илија — главна селска црква во валандовското село Раброво, Македонија. МестоположбаЦрквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна. Видлива е и од самиот регионален пат 1105, кој поминува до селото. ИсторијаКамен-темелникот за изградба на црквата бил поставен во 2010 година. Црквата била изградена за три и пол години. Била осветена од страна на митрополитот Агатангел на 13 октомври 2013 година.[1] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата е осумаголна и на секоја од осумте страни има по една монофора. Влезната врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со мозаик на кој е претставен Свети Илија. На источниот ѕид има полукружна апсида, додека на јужниот ѕид има вградена трифора. Црквата е изградена од наизменични редови од камен и тули и е покриена со кров од ќерамиди. ФрескоживописВнатрешноста на црквата не е живописана. Икони и иконостасЦрквата поседува иконостас со икони. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia