Црква „Св. Архангел Михаил“ - Грчиште
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во валандовското село Грчиште. МестоположбаЦрквата се наоѓа на самото сретсело во Грчиште. ИсторијаСпоред натписот над споредната врата од западната страна, кој е оштетен и тешко читлив, црквата била изградена во 1849 година. Годината е испишана во ниша над крст изведен во релјеф.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, потпрени на шест столба. Таа содржи женски дел во нејзината западна страна, а на источната страна завршува со полукружна апсида. Кон јужната страна, каде е сместен главниот влез, е доградена припрата.[1] Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и истата се издига над оградата од дворот, непосредно од левата страна на влезната порта. Таа е поделена во два дела, при што долниот дел е понизок и со поголема основа, додека горниот дел е повисок и на секоја од четирите страни има по една монофора. ФрескоживописВнатрешноста на црквата е фрескоживописана, а автори на фреските се браќата Доневи од селото Гари.[1] Икони и иконостасВо црквата има иконостас кој е широк околу десет метри и е исполнет со вредни стари икони од XIX век. Царските двери се изработени во резба и претставуваат ретко убаво копаничарско дело од XIX век на просторот на јужновардарскиот регион. Не е познато името на авторот, но не се исклучува можноста да бил Андон Китанов, кој подолго време работел во овој крај.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia