Црква „Св. Петка“ - Марвинци
Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци, Македонија.[1] Местоположба![]() Црквата се наоѓа на рид над селото, до која води земјен пат. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци. ИсторијаСпоред народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.[2] Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.[2] За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.[2] АрхитектураСпоред својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна.[2] ИконостасЦрквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia