Црква „Св. Димитриј“ - Валандово
Свети Димитриј — гробјанска црква во Валандово, а воедно и парохиски храм на Валандовската парохија. МестоположбаЦрквата се наоѓа над последните куќи во северозападниот дел на градот Валандово, на зарамнета падина на разгранок од планината Плавуш. ИсторијаЦрквата е подигната во 1830 година.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна и со рамни тавани, при што на неговиот полукружен свод е насликана икона со платно со претставата на Исус Христос Седржител. Средишниот кораб на градбата ги надвишува страничните два, а црквата завршува со полукружна апсида на источната страна. Покривната конструкција е изградена на две води и е потрена на два реда од по четири симетрично поставени столбови. Влезната врата е сместена на јужната страна и над неа има застаклена ниша со фреска на која е претставен Свети Димитриј.[1] Поради нејзината поставеност во просторот, црквата е недоволно препознатлива и привлечна. Југозападно од црквата се наоѓа камбанаријата, која според натписот на северната страна, е изградена во 1898 година, а обновена во 1994 година.[1] Во дворот на црквата има помошен објект, кој според наведениот натпис, е изграден во 1936 година. Во склоп на црквата се и градските гробишта. Икони и иконостасВо црквата има стари икони кои потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век, изработени од непознати зографи, но и понови кои се од XX век. Сегашниот иконостас е изработен во 1988 година од црковниот уметник Мишко Милановиќ, со помош на двајца соработници, а е осветен на 7 април 1989 година од тогашниот митрополит на Повардарската епархија, г. Михаил.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia