Црква „Св. Атанасиј“ - Градец
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Градешкиот манастир во валандовското село Градец, Македонија.[1] Местоположба![]() Црквата се наоѓа на едно ритче над селото, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија). ИсторијаИзградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколкупати обновувана. Црквата била опожарена во 2001 година, кога изгорела до темел.[2] Била обновена во нов стил во поново време. АрхитектураЦрквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови. Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри.[3] ФрескоживописЅидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани само остатоци. Икони и иконостасИконите датираат од XIX век. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia