Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 174 мажи муслимани, со 22 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 392 жители.[2]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
877
—
1953
926
+5.6%
1961
941
+1.6%
1971
1.042
+10.7%
1981
1.192
+14.4%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
1.478
—
2002
1.714
+16.0%
2021
1.790
+4.4%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.714 жители, од кои 1 Македонец, 1.710 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.790 жители, од кои 1.761 Албанец и 29 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Ќуште (33 к.)староседелци. Исламот го примиле во почетокот од XIX век, кога и се албанизирале. Најстарите муслимански предци им биле. Зекир, Али и Браим. Имаат православни роднини кои од Копаница се иселиле во селото Кучково (Ќунтовци).
Маноџе (36 к.) доселени се во XVIII век од некое место во северна Албанија.
Маршеје (34 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Мерово. Учествувале во Битката на Треска 1944, во страна на Балистите.
Реџе (10 к.) доселени се од северна Албанија на почетокот од XIX век.
Љаја (16 к.) потекло и време на доселување како и претходниот род.[13]
Иселеништво
Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родот Ќунтовци или Бировци. Они се иселиле во селото Кучково. Во Копаница биле двајца браќа, едниот го прифатил исламот, а другиот се иселил во селото Кучково. Од Кучково се иселиле во населбата Ѓорче Петров, Скопје, Куманово и Кралево.[13]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“