Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам (принцип на селективна токсичност, каде агенсот е токсичен кон патогенот но не е токсичен или помалку токсичен кон организмот домаќин). Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во борбата против големиот број на заразни болести.
Општи одлики
Хемиската супстанца која има улога на антибиотик мора да поседува селективна токсичност, односно способност за уништување на патогенот со мало или никакво штетно влијание врз домаќинот. Селективната токсичност може да биде изразена во вид на:
тераписки дози, односно количина на хемискиот агенс кој е потребен за лечење на дадена инфекција
токсични дози, односно количина на агенсот во крвта која не е штетна за домаќинот.
Антибиотиците дејствуваат исклучиво само врз бактерии (грампозитивни и грамнегативни). Тие немаат никакво влијание врз вирусите.
Антибиотиците се природни производи,добиени од некои фунги.На пример,беталактамите,макролидите,тетрациклините и аминогликозидите се природни производи.
Во последно време за сите природни, полусинтетскии синтетски производи, вклучувајќи ги и антивирусните средства унгостатиците и лековите против протозои и хелминти кои имаат клиничка делотворност се користи терминот антимикробни средства.
Механизам на дејство
Молекуларни таргети на антибиотиците на бактериската клетка
Антибиотикот може да го уништи патогенот на неколку начини.
Спречување на синтезата на клеточниот ѕид
Оваа група на антибиотици го спречува (инхибира) создавањето на пептидогликанот во клеточниот ѕид на патогенот. Инхибицијата се манифестира со активирање на ензими кои ги раскинуваат врските на пептидогликанот, што доведува до деградација на ѕидот, без кој бактеријата не е во состојба да опстане. Во оваа група се наоѓаат:
Одредени антибиотици се врзуваат и за рибозомите на патогенот. Рибозомите се органели каде се врши синтеза на белковините од кои е изградено телото на сите организми, па и на бактериите. Со врзувањето на антибиотикот за рибозомот се спречува синтезата на белковините на даден патоген, со што доаѓа до погрешно отчитување на редоследот на аминокиселините. Во оваа група припаѓаат:
Оваа група дејствува така што ги деградира молекулите на ДНК и РНК, или се врзува за ензимите кои ја управуваат репликацијата на ДНК, како што е на пример ДНК-полимеразата. Во оваа група се наоѓа рифампицинот.
Забавување на метаболизмот
Овие антибиотици ги уништуваат ензимите со помош на кои се одвива метаболизмот. Со ова патогената клетка станува неспособна за нормално функционирање.
Инфекции на уринарниот тракт (со исклучок на сулфацетамидот и мафенидот); мафенидот се користи локално
Гадење, повраќање и дијареја Алергија (вклучително и сончева) Кристали во урината Бубрежно нарушување Намалување на бројот на белите крвни клетки Чувствителност кон сончева светлина
Геастроинтестинални нарушувања Чувствителност кон сончева светлина Обојување на забите Потенцијално токсични за мајката и фетусот за време на бременоста
Антибиотиците се испитуваат дали имаат какви било несакани ефекти пред нивното одобрување за клиничка употреба, и обично се сметаат за безбедни и добро толерирани. Сепак, некои антибиотици се поврзани со широк степен на негативни несакани ефекти кои можат да бидат благи до многу тешки во зависност од типот на антибиотикот, целната бактерија и од самиот пациент.[1][2] Несаканите ефекти може да се должат на фармаколошките или токсиколошките особини на антибиотикот или пак може да вклучуваат хиперсензитивност или алергиски реакции.[3] Несаканите ефекти може да се движат од треска и гадење до сериозни алергиски реакции, вклучувајќи фотодерматитис и анафилакса.[4]
Вообичаени несакани ефекти на оралните антибиотици се дијареја, што произлегува од нарушувањето на цревната флора, што резултира со прекумерен раст на патогени бактерии, како што е на пр. Clostridium difficile.[5] Земањето на пробиотик за време на третманот со антибиотик може да помогне да се превенира антибиотик-асоцираната дијареја.[6] Антибиотиците исто така може да ја нарушат вагиналната флора, и може да доведат до прекумерен раст на габи од родот Candida во вулво-вагиналното подрачје.[7] Дополнителни несакани ефекти може да се јават како резултат од интеракцијата со други лекови, како што е можноста за оштетување на тетивите при администрација на кинолонски антибиотик и системски кортикостероид.[8]
Наводи
↑Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pmid15993671.
↑Slama TG, Amin A, Brunton SA, File TM, Milkovich G, Rodvold KA, и др. (Council for Appropriate Rational Antibiotic Therapy (CARAT)) (July 2005). „A clinician's guide to the appropriate and accurate use of antibiotics: the Council for Appropriate and Rational Antibiotic Therapy (CARAT) criteria“. The American Journal of Medicine. 118 (7A): 1S–6S. doi:10.1016/j.amjmed.2005.05.007. PMID15993671.
↑Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Antibioticandantiprotozal.
↑„Antibiotics – Side effects“. NHS Choices. National Health Service (NHS), UK. 6 May 2014. Архивирано од изворникот на 2016-02-07. Посетено на 6 February 2016.