Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 5 христијански[2] и 27 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, без новороденчиња и 89 мажи муслимани со 10 новороденчиња. Исто така биле забележани 13 мажи муслимани кои тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 270 жители.
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.010 жители, од кои 1.998 Албанци и 6 Македонци и 6 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.174 жители, од кои 2.128 Албанци и 46 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Доселеници:Паровски (3 к.) најстар род во селото. Точно не знаат од каде се доселени; Матњан (8 к.) и Нел (9 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија; Лика (5 к.) доселени се од северна Албанија; Јажинц (11 к.) доселени се од тетовското село Јажинце. Таму се доселени од северна Албанија. Они потекнувале од Красниќи; Шаин (9 к.) доселени се од северна Албанија; Дишолар (11 к.) доселени се од северна Албанија; Љугаџи (3 к.) доселени се од некое село Љугаџи во Љума; Дано (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија; Шерифоски (5 к.), Зеќиролар (6 к.), Љоц (4 к.) и Џеколар (2 к.) сите се доселени од северна Албанија.[15]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)