Јангцекјаншка Плоча
Јангцекјаншка Плоча (или Јужнокинеска Плоча) — тектонска плоча која го опфаќа поголемиот дел од јужна Кина. На исток се граничи со Окинавската Плоча во расед кој го образува Окинавскиот Ров (кој е задлачен басен), на југ со Сундската и Филипинската Плоча, а на север и запад со Евроазиската Плоча. На Лунгменшанскиот Расед сместен на таа граница во 2008 г. се случил големиот Сечуански земјотрес.[1] Плочата настанала со распадот на суперконтинентот Родинија пред 750 милиони години, за време на неопротерозоикот. Јужна Кина се раседила од суперконтинентот Гондвана за време на силурот. При создавањето на големиот суперконтинент Пангеја, јужна Кина била помал одделен континент сместен кај источниот брег на суперконтинентот и се движела на север. Во тријасот Јангцекјаншката Плоча се судрила со Севернокинеската, притоа сврзувајќи се со Пангеја, иа ја образувала Сечуанската Котлина. Во кенозоикот, Јангцекјаншката Плоча била засегната од судурот на Индиската и Евроазиската Плоча, со што се издигнал венецот Лунгмен.[2] Јужното движење се случува долж Црвеноречниот Расед. ПоврзаноНаводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia