Егејска Плоча
![]() Егејска Плоча — мала тектонска плоча во источното Средоземје под јужна Грција и западна Турција. Нејзиниот јужен раб е Елинската зона на подвлекување јужно од Крит, каде Африканската Плоча се вовелкува под Егејската.[1] Нејзиниот северен раб е раздвојувачка граница со Евроазиската Плоча. Морското дно на ова подрачје е длабоко околу 350 м, додека соседното Црно и Средоземно Море се длабоки 1.300–1.500 м. Поради ова, тоа се смета за висока висорамнина меѓу морињата.[2] Наодите велат дека Егејската Плоча содржи истенчена континентална кора наместо океанска кора. Од нејзиното создавање кората се тенчи под влијание на разни процеси, меѓу кои посторогенетско пропаѓање и истегнување на кората. Ова истегнување е одговорно за образувањето на Коринтскиот Залив.[3][4] Порано се сметало дека кората под Егејското Море е дел од Анадолската Плоча, и дека различните правци на движење се должат на вртење на плочата. Подоцнежните мерења утврдиле дека подрачјето не одговара на дотогашниот модел, и денес плочите се сметаат за независни една од друга.[5] РазвојСе смета дека Егејското Море е активно истегнувачко задлачје поради повлекување на плочниот завршеток во Елинската зона на подвлекување.[3] Со тоа дошло до големо нормално раседнување и расцепување, како и образувањето на задлачна котлина. Оваа околина создала разни хорстно-грабенски образби на морското дно, слични на котлинско-верижната топографија. Многу од Егејските Острови се врвови на овие образби кои се издигаат на морското ниво.[6][7] Јужниот дел на плочата е дебел 20–22 км, а северниот 32–40 км, што укажува на тоа дека истегнувачката околина само неодамна почнала да го засега северното подрачје.[4] Пред истегнувачата околина, регионот претрпел Егејска орогенеза (пред 70 - 14 мг), проследено од истенчување на кората поради посторогенетска пропаст. Овој период овозможил метаморфизам и потоа откопување на многу видови метаморфни карпи кои се среќаваат на Егејските Острови.[3] Сеизмичка активностЕгејското Море и околното подрачје се сеизмички активни поради Елинската зона на подвлекување, како и истегнувањето на Егејската Плоча. Африканската Плоча се подвлекува под Егејската со брзина од 40 мм годишно, предизвикувајќи плитки земјотреси близу раседот и подлабоки земјотреси недалеку од грчкиот вулкански лак.[8] Некои сеизмички активности се производ на истегнувањето на плочата, кое создава раседување по линија исток-запад кое пролизгува и предизвикува земјотреси.[9] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia