Јарчева Плоча
Јарчева Плоча — мала предложена тектонска плоча под Индискиот Океан на јужната и источната полутопка. Орвобитната теорија за тектониката на плочите во 1960-тите претпоставувала наполно крути плочи и релативно тесни и изразени плочни граници. Меѓутоа, истражувањата од крајот на XX и почетокот на XXI век укажуваат на тоа дека извесни плочни граници се развлечени на неколку десетици, па дури и стотици километри.[1] Јарчевата Плоча е релативно круто парче од океанска кора долж далечниот западен раб на поранешната Индоавстралиска Плоча. Јарчевата порано била споена со Индиската и Австралиската Плоча, образувајќи ја Индоавстралиската Плоча; меѓутоа, поновите проучувања велат дека Јарчева Плоча почнала да се двои од Индиската и Австралиската пред 18 до 8 милиони години долж широка развлечена граница.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia