Сомалиска Плоча
![]() Сомалиска Плоча — мала тектонска плоча која го опчекорува Екваторот на источната полутопка. Во моментов се одвојува од Африканската Плоча долж Источноафриканската Раседна Долина. Сосредоточена е околу островот Мадагаскар и опфаќа околу половина од источниот брег на Африка, од Аденскиот Залив на север, преку Источноафриканската Раседна Долина. Јужната граница со Нубиско-африканската Плоча е расеана плочна граница сочинета од Луандлевската Плоча.[2] ГеологијаАрапската Плоча се разидува на север образувајќи го Аденскиот Залив. Индиската, Австралиската и Антарктичката Плоча се разидуваат од Сомалиската, образувајќи го источниот Индиски Океан. Гребенот кој се шири по сомалиско-индиската граница е наречен Карлсбершки Гребен. Оној кој се шири по сомалиско-австралиската граница е познат како Средноиндиски Гребен. Гребенот по сомалиско-антарктичката граница се нарекува Југозападноиндиски Гребен. Западната граница со Африканската Плоча се разидува за да го сочини Источноафриканскиот Расед, кој се протега на југ од тројната точка во Афарската Котлина. Јужната граница со Нубиско-африканската Плоча е расеана плочна граница со Луандлевската Плоча.[2] Сејшелите и Маскаренската Висорамнина се смстени североисточно од Мадагаскар. Тектонска историјаПред 1,4 – 1,2 милијарди години кибарската орогенеза ги сврзала кратоните на Танзанија и Конго.[3] Некаде пред 1000 до 600 милиони години е создаден суперконтинентот Гондвана, а панафриканската орогенеза ги сошила кратоните на Танзанија и Калахари.[3] Раседнувањето на Гондвана се случило пред 190 до 47 милиони години, раздвојувајќи го Мадагаскар од источниот брег на Африка, со што Сејшелите/Маскаренската Висорамнина се нашле североисточно од Мадагаскар.[4][5] Раседуцањето на Црвеното Море почнало пред 30 милиони години. Првото раседнување се јавило на северот на Западноафриканскиот Раседен Систем пред околу 20 милиони години.[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia