Јужносендвичка Плоча
Јужносендвичка Плоча или Сендвичка Плоча — мала тектонска плоча (микроплоча) која се граничи со подвлекувачката Јужноамериканската Плоча на исток, Антарктичката на југ и Скошанската на запад. Одвоена е од Скошанската со Источноскошанскиот Гребен, задлачен ширечки гребен образуван од зоната на подвлекување на нејзиниот западен раб. На оваа микроплоча се сместени Јужните Сендвички Острови. Подрачјето полнало да се подвлекува на приближувачка плочна граница пред 66 милиони години поради регионалното приближување на Анарктичката и Јужноамериканскаа Плоча. Постепеното ширење на морето Скоша и одвлекувањето на јужноамериканската океанска литосфера ја создале прародителската Скошанска Плоча. Јужносендвичката Плоча се одвоила од Скошанската пред 15 милиони години со создавањето на задлачен басен при развојот на Источноскошанскиот Гребен. Причината за одвојвуањето на Јужносендвичката од Скошанската Плоча сè уште е предмет на расправа: одвлекувањето на литосферата и апсолутното оддалечување на Скошанската Плоча од ровот. Сегашната состојба може да биде производ на заедничко делување на овие два механизма.[1] Наводи
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia